Занимливости

Светла точка во мракот!

На овој блог можете да најдете прекрасна проза и поезија, како и интересни колумни кои со сигурност ќе ве натераат на размислување.

Кога сме на тема блогови, на Вордпрес можете да најдете илјадници прекрасни автори чии содржини можат да ве држат будни со денови. Еден таков пример е и Светла точка во мракот! кој го води твитерџиката @hulahopka на кој јас лично имам поминато многу време и можам слободно да кажам дека ми е еден од омилените наши блогови. На овој блог можете да најдете прекрасна проза и поезија, како и интересни колумни кои со сигурност ќе ве натераат на размислување. Како еден од моите најомилени постови, едноставно мора да го издвојам „Насмевка пренеси, насмевка укради!“, кој без сомнение ќе измами насмевка и на вашите лица.

Светла точка во мракот!

Авторката го опишува својот блог на следниов начин:

„Драг читателу, што го читаш ова моментално, ти благодарам за посетата и за времето што го одвојуваш читајќи го мојот блог.

Се надевам дека ќе најдеш нешто што ќе те развесли, ќе ти го направи денот поубав или поведар, а ако нешто те растажи тоа значи дека си човек и дека имаш чувства.

Продолжи со читање.

Со идејата да имам свое посебно место каде што ќе го искажувам своето мислење, а тоа да не биде статус на фејсбук го направив ова катче кое стана достапно за секој кој е љубител на пишаниот збор. И така започна приказната за мене и „Светла точка во мракот“ која трае скоро две години. Овде има оставено голем дел од мене. Многу мисли, чувства и приказни повеќе или помалку измислени. Голем труд, внимание и време се вложени за блогот да биде тоа што е сега.

Се надевам приказната „Светла точка“ сè уште ќе живее и ќе биде присутна во мојот како и во вашиот живот и ќе продолжи да ви ги осветлува ноќите и да ви ги прави деновите поубави.“

Мислам дека нема потреба по овој одличен опис за себе да продолжам со понатамошно објаснување. Токму затоа само ќе ви предложам да го посетите нејзиниот блог и доколку ви се допадне да ја заследите на Твитер со цел редовно да ги следите нејзините нови содржини.

2 коментари

  1. Благодарам за овој пост. Ми значи многу. Убаво е кога ќе прочиташ дека некому твојот блог му е еден од омилените и ти посветува текст. Немам што да додадам повеќе. Радоста е голема. 🙂

    Ми се допаѓа

Одговорете

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s