Rise of the Tomb Raider е најновиот дел од долгата линија на Tomb Raider игри кои ја прикажуваат Лара Крофт како протагонист. Јас како човек што ги има изиграно (по неколку пати) сите Tomb Raider игри (да дури и тие каде што главата и е како кутија) многу сум среќна што со сестра ми одлучивме да купиме Xbox 360 наместо Nintendo Wii, бидејќи Rise of the Tomb Raider за сега ќе биде ексклузивна за Xbox 360 и Xbox One.

Како огромен фан на оваа франшиза бев екстремно среќна кога беше најавена Tomb Raider да излезе во 2014 и во моите очи оваа игра за како Лара од исплашено девојче се трансформира во Лара која сите ние добро ја знаеме и ја обожаваме воопшто не ме разочара. Па затоа можете да замислите колку бев среќна кога открив дека Rise of the Tomb Raider беше најавена за 2015. Играта ќе продолжи таму каде што претходната заврши, Лара се враќа дома после Јаматаи и ги користи сите работи кои ги научила таму за да ги пронајде и истражи сите мистерии околу светот.
Погледнете го трејлерот тука.