Безглутенска категорија

Безглутенски рецепт за печено пиле со лимон

Совршениот ручек за оние кои не поднесуваат глутен!

Безглутенски рецепт за печено пиле со лимон

Потребни состојки:

  • 1 пиле (2.5 килограми)
  • 60 милилитри екстра-девествено маслиново масло
  • 1 лимон, исечен на тенки кругчиња
  • 3 гранчиња свежа мајчина душичка
  • 3 гранчиња свежо оригано
  • 1 цела главица лук, неизлупен, раздвоен од чешнињата

За ароматичното масло ќе ви бидат потрбни:

  • Сок од 1/2 лимон
  • 2 лажици свежи листови мајчина душичка, крупно исечкани
  • 2 лажици екстра-девествено маслиново масло
  • 1 лажичка сол

Подготовка:

  1. Загрејте ја рерната на 200 степени. Измијте го пилето, исчистете го од внатрешноста и добро избришете го со хартиено марамче.
  2. Намачкајте ја чинијата за печење со две лажици маслиново масло. Пилето од внатре посолете го со морска сол и наполнете го со кругчињата лимон, гранчињата мајчина душичка, ориганото и додајте го лукот.
  3. Ставете го пилето на грб и добро врзете го со конец, собено копаните и крилцата. Ставете го во претходно намачкана чинија за печење и премачкајте го со маслиново масло.
  4. Во сад од средна големина измешајте ги состојките за ароматичното масло и тргнете го настрана.
  5. Пилето покријте го со алуминиуска фолија и печете го околу еден и пол час. Потоа тргнете ја фолијата и печете уште 20 минути. Извадете го пилето од рерната и прелијте го со ароматичното масло. Од кога ќе го направите тоа вратете го во рерната уште 10 минути непокриено и печете го додека не добие златно костенлива боја.
  6. Извадете го пилето од рерната и оставете го 10 минути. Послужете го месото испрскано со лимон и украсено со свежи зачински билки.

Овој рецепт е за 6 порции.

Одговорете

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

w

Connecting to %s