Занимливости

Сите генерации на Покемон

Мало патешествије низ сите Покемон генерции некогаш направени...

Секој од нас има барем еден омилен покемон и барем една омилена видео игра од овој бренд. Но, многу љубители на сериите не знаат дека покемоните се поделени во 6 генерации. Доколку ве интересира повеќе на оваа тема, продолжете со читање…

Покемон генерации

1. Сите ја знаеме првата генерација на покемони затоа што првата сезона Pokémon: Indigo League (1997 – 1999) е една од најгледаните серии меѓу помладата популација во тоа време, а истата генерација продолжува и во:

  • Pokémon: Adventures on the Orange Islands (1999)
  • Pokémon: Master Quest (2001 – 2002).

На чело на оваа генерација покрај Pikachu се и Bulbasaur, Charmander и Squirtle.

Прва генерација

2. Во втората генерација покемони спаѓаат оние од:

  • Pokémon: The Johto Journeys (1999 – 2000)
  • Pokémon: Johto League Champions (2000 – 2001)

Повторно на чело со Pikachu, но овој пак во авантурите му се придружуваат ChikoritaCyndaquil и Totodile.

Втора генерација

3. Третата генерација започнува со Pokémon: Advanced (2002 – 2003). Баш кога си помисливме дека креаторите на Покемон не можат да бидат покреативни, тие на Pikachu и Ash им донесоа нови пријатели во нивните авантури. Запознајте ги TreeckoTorchic и Mudkip како новите покемони кои овој пат ги дружат главните херои Pikachu и Ash. Оваа генерација е присутна во:

  • Pokémon: Advanced Challenge (2003 – 2004)
  • Pokémon: Advanced Battle ( 2004 – 2005)
  • Pokémon: Battle Frontier ( 2005 – 2006)
Трета генерација

4. Од четвртата генерација покемони малку се менуваат работите од оние што ги помниме. Во друштвото на Ash Ketchum се појавуваат некои нови ликови освен добро познатиот Brock, а Pikachu повторно добива нови пријатели како TurtwigChimchar и Piplup. Оваа генерација започнува со серијата Pokémon: Diamond and Pearl која има неколку продолженија:

  • Battle Dimension (2007 – 2008)
  • Galactic Battles (2008 – 2009)
  • Sinnoh League Victors (2010)
Четврта генерација

5. Петата генерација покемони започнува со серијата Pokémon: Black & White (2010 – 2011) каде попознати се SnivyTepigOshawott, како новите покемони на Ash нормално заедно со Pikachu. Black & White е само првата серија од серијалот Best Wishes. Останатите серии во кои е вклучена петата генерација се:

  • Rival Destinies (2011-2012)
  • Adventures in Unova (2012 – 2013)
  • Adventures in Unova and Beyond (2013)
Петта генерација

6. И за крај, шестата генерација покемони започнува со серијата Pokémon The Series: XY. Во авантурите на Ash и Pikachu им се придручуваат нови покемони од кои попознати се ChespinFennekin и Froakie. Оваа серија сè уште се снима, а нејзиниот почеток е во 2013 година. Како и од претходните така и од оваа се очекува многу, но чим до сега не потфрлиле креаторите верувам дека и оваа серија ќе биде токму она што го сакаат сите фанови на Покемон.

Шестта генерација

Одговорете

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s