Занимливости

10-те најпопуларни женски ликови во видео игрите

Погледнете ги десетте најпознати женски протагонисти во светот на видео игрите!

Секој сака добра видео игра поради нејзиниот гејмплеј квалитет, графика и слично, но можеби најважната работа е главната улога со кој секој сака да се поврзе на некој начин или да биде сличен на неа за момент. А зошто е тоа така? Па, затоа што карактерите во видео игрите се покажани како едни супериорни ликови во споредба со сите останати а потајно секој од нас сака да се најде во таква позиција. Еве ги десетте женски ликови со кои секоја девојка гејмерка сака да се спореди:

10. Bayonetta

Листава ја започнуваме со вештерка која покажува одлични боречки вештини во текот на серијалот на видео игри Bayonetta. Играта ве носи на авантури низ пеколот и рајот каде се соочувате со тешки предизвици за кои ви треба многу енергија да ги поминете. Прокрај целата потрошена енергија Bayonetta има сила на крај и да заигра што ја прави уште попривлечна како карактер во гејмерскиот свет.

bayonetta_marsovcinazemjata1

9. Chell

Chell е позната од серијалот на видео игри „Portal“. Заглавена е во голема тест лабораторија каде е сама со нејзинната портал пушка и пробува да се бори против системот во лабораторијата. Имајте во предвид дека во текот на целата игра таа не зборува воопшто, но сепак добива поени заради високите потпетици.

chell-marsovcinazemajta

8. Faith Connors

Во „Mirror’s Edge“ таа е главниот протагонист каде се труди да ја спаси сестра ѝ која е наместена за убиство и е гонета од законот. Faith е една badass девојка која ја има совладано паркур техниката до перфекција и знае голем број улични боречки вештини.

Faith-Connors-marsovcinazemajta

7. Joanna Dark

Сите сме играле барем еден дел од серијалот видео игри „Perfect dark“. Таа е агент од институтот Керингтон која е добра со речиси секој вид оружје, односно на некој начин е женска верзија од познатиот 007 која е пратена на мисија да сопре конфликт со вонземјани, а по пат да го спаси и претседателот.

joanna-dark-marsovcinazemajta

6. April Ryan

April е главната улога во серијалот „The longest journey“. Таа е малку помек карактер поради фактот што нејзината моќ не е совладување на било какво оружје ниту боречка вештина туку таа може да патува низ времето. Овие игри нè носат на една авантура во која креаторите ја споредуваат April со Frodo Baggins од „Lord of the rings“. Играта ја нема најдобрата графика, но гејмплејот е интересен на еден свој начин.aprilryan.marsovcinazemjata1

5. Jill Valentine

Сите ја знаеме Jill затоа што нема гејмер во светов што не ја свртел „Resident evil“ барем еднаш. Да, знам дека ја сакате и Claire Redfield, но сепак Jill е онаа која ги поседува вештините за да биде дел од оваа листа карактери. Таа е дел од Resident evil 1, 2 и Revelations во кои има преживеано два зомби напади како и нуклеарен напад од кој бега со хеликоптер во последниот момент.

jillvalentine.marsovcinazemjata

4. Jade

Позната од играта „Beyond good and evil“, Jade е фотографка која чува деца кои се преживаани од вонземјански напад. Со нејзините боречки вештини таа се бори против диктаторството од највисокиот сталеж во нејзиното општество.

jade.marsovcinazemjata

3. Clementine

Таа е позната од новата видео игра „Walking dead 2“. На само 11 години таа е оставена речиси сама во средината на зомби апокалипса и колку што може да се види во играта олично се снаоѓа. Сега за сега. Со оглед на фактот дека играта е нова и има уште многу продолженија на кои се работи нешто ми кажува дека ќе ја гледаме Clementine и во наредните делови.

Clementine.marsovcinazemjata

2. Samus Aran

Samus ја знаете од серијалот видео игри „Metroid“. За неа интересен е фактот дека нејзиниот пол се дознава на крајот од првата „Metroid“ игра. Зошто е таа на второ место? Има истребено цела вонземјанска нација, има сопрено три вселенски напади, има уништено две планети, има спасено многу други светови и не е прва само затоа што не е Lara Croft.

Samus Aran

1. Lara Croft 

Lara е дефинитивно врвот во протагоностите кога станува збор за женски карактери во видео игри. Таа е позната од играта „Tomb Raider“ каде што како млад авантурист патува низ светот и посетува различни гробници со цел да ги открива тајните околку истите. Секој гејмер во светов ја има играно барем еднаш оваа игра. Исто така последната „Tomb Raider“ е една од најдобрите игри што искочиле во последно време и доколку не сте ја пробале ви препорачувам да го направите тоа веднаш!

laracroft.marsovcinazemjata

Сигурно имам пропуштено некоја ваша омилена девојка од светот на видео игрите, па доколку сакате да ја додадам во следниот сличен пост слободно коментирајте.

Одговорете

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

w

Connecting to %s