Писмата од Мишима

Странец

Најтешко е да си сам. Кога немаш никој. Барем не тука до мене. Ми фали после работа, уморна, да го гушнам. Таа прегратка која ме смирува… Ми недостига тој лик. Многу. Колку сакам да го видам иако сме одалечени илјадници километри.

stranec-pismata-od-mishima-marsovcinazemjata-wordpress-com

Некои работи кои што сум ги мразела кај машките, ги има токму тој. И неверојатно како сега истите не ги мразам, туку и ми се симпатични.

Можам да кажам дека ме освои со неговите бакнежи. Онакви од кои целото тело ми се наежи кога прв пат ме бакна. И не сакав да ги одвојам моите усни од неговите. Ме шармираше со неговиот оптимизам, онаков кој го шири неверојатно брзо на луѓето околу него. И сакате уште.

Иако се имаме видено само неколку пати во животот, секоја средба со него била магична. Ноќите со него биле приказна за себе. Знам дека можеби нема никогаш пак да го видам во животот, но благодарна сум што сум го сретнала. Зошто?… Затоа што ми бил поддршка додека идев за разговор за кој можеби мојот долгоочекуван сон ќе се оствари. Неверојатна е силата на зборовите, кои се кажани во точно време. Моментите на верување, кога самодовербата не ти е баш на некое ниво или кога те потсетува дека имаш цел, сон кој што го следиш, па така сите работи кои што ги правиш не се залудни, туку ти помагаат. И онаа насмевка кога ќе ја видам на камерата, сите проблеми стануваат толку безначајни и мали. Волшебно е како ме развеселува.

Но, зошто понекогаш ни е полесно да кажеме сѐ на некој странец отколку на некој наш најблизок? Може да им ги кажеме нашите најголеми соништа и стравови? Можеби затоа што ни треба некој да нѐ сослуша без да ни суди за тоа? Зошто нему можам да му кажам сѐ она што ме крши внатре, она што ме плаши, она што најмногу го сакам, да му ја откријам мојата мала слатка тајна… Дали е тоа до човекот, таква е личноста, која ти дава чувство на сигурност и доверба?

Знам дека сакам да го видам, за да избегам од реалноста. Бар на кратко.

Зошто е толку полесно да се исплачеш пред некој што го имаш видено неколку пати во животот, а не на некој најблизок? Затоа што можеби сакаш да си ја олесниш душата, да ти падне оној камен или едноставно тие проблеми не изгледаат толку големи откако ќе бидат кажани? Зошто? Зошто толку ни фалат луѓе што се толку далеку, далеку од нас во километри? Дали можеби поради тој невидлив конец со кој што сме поврзани? Или поради тоа што сме сите ние на одреден начин „расипани“, некој не повредил, нешто не било во ред, па поминуваме заедно низ тоа?

Затоа никогаш не смееме на им судиме на луѓето поради тоа како се справуваат со различни ситуации. Никој не знае низ што поминуваат, што им се мота внатре низ главата…. Секој знае на одреден начин да се справи со некој проблем. Секој знае што чувствува внатре. И на крајот, секој живее со својата донесена одлука.

Со љубов,

Мишима

Одговорете

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s