Занимливости

5 бесплатни MMORPG видео игри на кои секој гејмер треба да им даде шанса

Доколку не знаете која MMORPG да почнете да ја играте, можеби оваа листа ќе ви помогне...

Светот на MMORPG видео игри е огромен и многумина од вас можат лесно да се изгубат во него, па понекогаш не знаете што попрво да играте. Токму затоа јас ќе се обидам да ви помогнам така што ќе ви предложам пет видео игри кои навистина треба да ги пробате:

DC Universe Online

5 бесплатни MMORPG видео игри на кои секој гејмер треба да им даде шанса

Оваа е една од подобрите видео игри што сум ги играл во последно време само затоа што Batman може да ти биде ментор. Колку е тоа кул! Во играта го креирате карактерот почнувајки од бирање на неговата алијанса: херој или негативец, потоа ја бирате неговата моќ, начин на движење, оружје и костум. Мапата е огромна и можностите се бескрајни, а вклучени се и сите карактери од DC Universe што ја прави играва да биде уште поинтересна. Го одбирате вашиот ментор: Batman, Superman или Wonderwoman како херој или Joker, Lex Luthor или Circe како негативец и играта може да почне. Тука можете да го најдете официјалниот линк за оваа игра.

Atlantica Online

5 бесплатни MMORPG видео игри на кои секој гејмер треба да им даде шанса

Оваа е малку постара видео игра, но си има свој специфичен гејмплеј кој на многу од вас ќе ви се допадне. Започнувате со карактер на кој му бирате оружје и целата ваша стратегија зависи од избор на оружјето. Во играта градите тим од платеници кои се борат за вас во вашиот тим. Изборот е преголем, а секој од нив има уникатни магии кои ви помагаат во зададените задачи. Вашиот карактер заедно со осум платеници оди на авантура низ целиот свет. Многу интересен дел од играва е арената каде се борите против други играчи. Тука можете да го најдете официјалниот линк за оваа игра.

Dragon’s Prophet

5 бесплатни MMORPG видео игри на кои секој гејмер треба да им даде шанса

Оваа игра е за сите љубители на змејови. Во играта уште на почеток имате можност да фатите змеј кој ви помага во превоз или да го користите како миленик за време на борба. Таа започнува со избор на една од четирите уникатни класи, а во текот на целата игра се борите против армијата на змејот Кронос. Еден навистина интересен дел од играта е арената каде правите ваш тим од змејови кои се борат за вас и ви заработуваат поени и многу корисни награди. Тука можете да го најдете официјалниот линк за оваа игра.

Neverwinter

neverwinter-marsovcinazemjata

Оваа видео игра е базирана на DnD pen and paper играта. Всушност секоја видео игра е базирана на DnD, но во Neverwinter е навистина ставан акцент на самата механика на која работи DnD. Од самото креирање на карактерот до бирање на неговото оружје па сè до распределување на самите борбени поени… Играта е навистина тешка и бара тимска работа во секој момент доколку сакате да ги поминете големите Boss карактери. Една од поуникатните работи за оваа игра е креирање на сопствени DnD кампањи. Тука можете да го најдете официјалниот линк за оваа игра или доколку играте преку Steam, можете да ја симнете таму.

Lord of the rings Online

5 бесплатни MMORPG видео игри на кои секој гејмер треба да им даде шанса

Секој љубител на филмовите направил барем еден карактер на оваа игра. LOTRO е игра која не делува како ништо посебно на почеток, но како што оди понатаму така станува сè поинтересна. Изборот на раси е голем односно може да ја одберете секоја главна раса од книгите. Класите се интересни и има интересни комбинации доколку сакате да направите тим односно fellowship. Графиката не е сјајна, но мапата е навистина голема со многу интересни предели за истражување. Тука можете да го најдете официјалниот линк за оваа игра или доколку играте преку Steam, можете да ја симнете таму.

Одговорете

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s