Сите кои што сме чувале мачки сме се среќавале со малку чудни однесувања на нашите миленици. Будење со мјаукање во 6 наутро иако е сабота, туркање на нејзиниот задник во Вашето лице, грицкање на Вашите раце и нозе и уште многу. Колку ова и да е несфатливо, на овој начин нашата мачка ни ја изразува својата љубов и поврзаност. Понекогаш овие знакови на внимание и не се така пријатни, но така нашите другари ни покажуваат дека нѐ сакаат. Па да погледнеме на кои необични начини мачките ни ја изразуваат нивната љубов.
- Обожаваат да спијат со Вас. За нив, несфатливо е да спијат одалечени од Вас.
- Се мазите со Вашата мачка и наеднаш ги чувствувате нејзините заби. Најчесто ова грицкање подоцна преминува и завршува со лижење.
- Ви се мазат со главата по Вашата брада, образи, чело, секаде каде што може да достигне. Ве обележува како „нејзино“, Ве сака и Ви верува. Голем комплимент.
- Мачките Ве „дотеруваат“ со нејзиното лижење. Да, дефинитивно сте дел од семејството.
- Ви мјаукаат доста долго. Според нив, треба да се почувствувате поласкани, симпатични сте и… 🙂
- Непрекинато гледаат во Вас. Ова може малку да Ве потсети на некој хорор филм, но мачките остваруваат контакт со очите само со луѓе на кои им веруваат.
- Додека читате весник, наеднаш нејзиниот задникот е во Вашето лице. Знак за доверба. Сепак во животинскиот свет, вртењето грб е знак за огромна доверба.
- Сѐ е нејзино. Некогаш знаат да гребат на местата, како Вашата омилена фотелја или кауч и притоа гледајќи ве право во очи. Да, Вашата мачка на тој начин ви изразува љубов.
- Ве „масира“ со нејзините шепи. Возрасните мачки го прават ова кога се сакани, опуштени и задоволни.
- И најпознатото, малтретирање на вашиот компјутер. Пишувате важен мејл и Вашата мачка ненајдено легнува на тастатурата. Можеби на време сте изреагирале, а можеби и сте испратиле верзија со ГАјјмЧКСМКјнЈНЗ потпис… 😀 Но, едно е јасно, таа го сака Вашето внимание!