Занимливости

TSM vs CLG – Најголемото ривалство во еСпортот

Ако сте фан на League of Legends и ако пратите LCS знаете дека TSM vs CLG е ривалство старо колку и самата игра.

Ако сте фан на League of Legends и ако пратите LCS знаете дека TSM vs CLG е ривалство старо колку и самата игра. Приказната позади ова ривалство е многу едноставна. Во почетокот на League of Legends турнирите CLG доминираа над сите дури и TSM секогаш се наоѓаа позади нив. Но, кога CLG ја прифатија поканата да учествуват во OnGameNet’s Champions tournaments сè се смени. Кога тие се вратија во NA најдоа многу појаки TSM. Сега TSM беа оние кои ги победуваа сите турнири, а CLG беа оние кои беа на второто место.

TSM vs CLG - најголемото ривалство во еспорт

Ривалството продолжи и кога се сменија играчите со доаѓањето на Soren „Bjergsen“ Bjerg во TSM и Marcel „Dexter“ Feldkamp во CLG. Промените продолжија и со Shin „Seraph“ Woo-yeong во CLG, Ham „Lustboy“ Jang-sik и Choi „Locodoco“ Yoon-sup. Иако CLG продолжуваа да ги победуваат TSM во голем дел од нивните партии, доаѓањето на Locodoco ги постави TSM на патот до првото место. Оваа сезона исто има промени во тимовите со доаѓањето на Lucas „Santorin“ Tao Kilmer Larsen во TSM, додека CLG го регрутираа Jake „Xmithie“ Puchero. Во моментов и двата тима изгледаат феноменално, па дури и тимовите меѓу себе кажуваат само добри работи едни за други.

TSM vs CLG - најголемото ривалство во еспорт

Заради ова вчерашната партија имаше толку возбуда околу неа. Тимовите се еднакви и играат феноменално. Другата причина беше кладбата на George „HotshotGG“ Georgallidis и Andy „Reginald“ Dinh дека сопственикот на тимот ќе треба да си ја офарба косата розова. Епа не знам за вас ама Reginald ќе изгледаше закон со розева коса, но среќна сум со фактот дека HotshotGG ќе биде тој кој ќе мора да си го смени стилот! 🙂

Одговорете

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s