Писмата од Мишима

Битки

Некако во ова лудо време најлесно е да обвиниме некој друг, да се смалиме и да бидеме жртви... Но, тоа треба да се смени. Стани, избриши ја прашината од себе и само напред!

Битките се оние кои што мораме да ги преживееме сами. Да, може да побарате помош, би било одлично да имате некого покрај себе, но, вистината е таа. Еднинствен пријател што постојано ќе го имаме покрај себе е самиот себе. Мораме да научиме добро да се согласуваме со него, да го сакаме и најмногу од сѐ да веруваме во него.

bitki-marsovka-na-zemjata

Не смееме да дозволиме да се потпираме на другите, затоа што така може само да останеме разочарани. Треба да имаме малку повеќе верба во себе, дека сме способни да го добиеме тоа што го сакаме, дека го заслужуваме тоа.

За било кои работи треба да се борите. Најлесно е да бидете жртва, сите знаеме да бидеме такви, но тешко е да бидеме борци. Што ако не биде, нема да успеам, што ако ме одбијат? Но, што ако успееш? Си размислил и за таа опција? Зар толку лесно се откажуваш? Зар си толкав слабак?

Некако во ова лудо време најлесно е да обвиниме некој друг, да се смалиме и да бидеме жртви… Но, тоа треба да се смени. Стани, избриши ја прашината од себе и само напред!

Ќе има луѓе кои ќе те повредуваат, намерно или ненамерно. Различни луѓе ќе влегуваат во твојот живот, секој со своја посебна лекција. Одлуки, резултати, неправди, било тебе да ти се допаѓаат или не. Ќе има многу. Животот ќе ти поставува различни препреки, но ти си тој што ќе треба да ги поминеш, прескокнеш. Сѐ останува на тебе. Сѐ зависи од тебе. Не велам дека ќе биде лесно, ќе биде многу тешко, ама треба да се навикнеш на тоа. Мора малку повеќе да веруваш во себе. Да се издигнеш, да се исправиш. Мораш да го гушнеш сопственото јас.

Понекогаш ќе треба да земеш и пауза, воздишка, да се исплачеш, да се изнавикаш. Нормално е. Но, гледај тоа да биде многу кратко. Не смее да те измести од патот по кој одиш…

Што е тоа што те прави среќен, насмеан? Пронајди го и нека те води. Нека те води како факел, како најсилна светлина, како најубавиот мирис, како љубовта. Не мора да ја гледаш, почувствувај ја, таму некаде во тебе. Тој мал тивок глас, сопственото јас кој што ти збори, ќе ти ги даде насоките.

Ти го можеш тоа! Ти вредиш!

Една загубена битка не значи и загубена војна.

И на крај, еден совет. Carpe diem!

Со љубов,

Мишима

Одговорете

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

w

Connecting to %s