Филм и ТВ

Филмски маратон: Horrible Bosses

Доколку планирате овој викенд филмски маратон, од срце ви ги препорачувам Horrible Bosses 1 и 2!

Морам да признам дека во последниве неколку години избегнував да гледам комедии. Зошто? Бидејќи во последно време тие не само што се тотално провидни и уште од првите 15 минути можете да заклучите како ќе заврши приказната, туку се и исполнети со глупости кои само на американската раја може да им бидат смешни. Не знам што точно се случува со нивната смисла за хумор, ама работава станува сериозна.

Филмски маратон: Horrible Bosses

Имајќи го тоа на ум, откако видов добра снимка од Yifi за вториот дел од Horrible Bosses, свесно одлучив да им дадам шанса и на двата дела. Веќе некое време добивав препораки од пријатели дека се навистина интересни и дека „америчкиот хумор“ скоро и да го нема, па си реков ајде… И така си ги симнав и двата дела, си направив какао и пуканки (топ комбинација, во случај да не сте ја пробале) и ги пуштив. Неколку саати подоцна, проследени со многу смеа и солзи решив да го споделам моето искуство и со вас. Токму затоа ако планирате овој викенд филмски маратон, од срце ви ги препорачувам Horrible Bosses 1 и 2. Кликнете тука за трејлерот од првиот дел и тука за трејлерот од вториот дел.

This slideshow requires JavaScript.

Одговорете

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

w

Connecting to %s