Во светот на филмовите и сериите

#iZombie – ТВ серија која со нетрпение ја очекуваме

Од креаторите на Вероника Марс, оваа ТВ серија ни го покажува животот на Лив која студира медицина и која обожава да ги јаде труповите во мртовечницата на универзитетот. За разлика од другите зомби кои досега сме ги гледале, Лив има морален компас и почнува да ги користи своите способности да им помогне на детективите во нивната борба против криминалот. Изгледа дека мртвите се новите живи!

iZombie - ТВ серија која со нетрпение ја очекуваме

И покрај тоа што таа внимателно ги крие своите траги, нејзиниот брилијантен и ексцентричен шеф, д-р Рави Чакрабарти ќе ја открие нејзината темна тајна и наместо да ја повика полицијата или можеби, што знам, да ја исфрли од универзитетот, тој е претерано возбуден за сите оние работи кои може да ги научи од неа. Звучи морбидно интересно, нели?

iZombie - ТВ серија која со нетрпение ја очекуваме

Во оваа ТВ серија главните улоги ги толкуваат Роуз Мекајвер (Masters of Sex, Once Upon a Time) како Лив, Малколм Гудвин (Breakout Kings) како Клајв Бабино и Рахул Коли како д-р Рави Чакрабарти. Трејлерот за iZombie можете да го видите тука, а доколку ви се допадне приказната, премиерата е на 17-ти март. Не знам за вас, ама јас едвај чекам да почне! 🙂

iZombie - ТВ серија која со нетрпение ја очекуваме

Одговорете

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s