Колумни

Фризура

Го знаете она чувство кога имате потреба од некаква промена, голема промена, но не знаете точно што да направите, па сè одлучувате на радикален чекор во вашата фризура.

Го знаете она чувство кога имате потреба од некаква промена, голема промена, но не знаете точно што да направите, па сè одлучувате на радикален чекор во вашата фризура? Па, така таа ќе добие нова форма, должина или пак боја – колку што е можно поразлична од претходната. Додека се случува оваа трансформација вие се чувствувате возбудени, пресреќни, па можеби дури и хиперактивни. Се гледате на огледало на фризер, со новата коса, и се издишувате. „Добро е,“ си велите на себе и излегувате среќни и задоволни надвор во светот. Нова фризура, нов живот. Исто како да сте се преродиле.

Фризер

И така денот си поминува, вечерта си легнувате и сабајле кога се будите се гледате во огледало и се прашувате што се случило. Одеднаш ви недостасува старата фризура и се обидувате да сфатите каде работите тргнале во погрешна насока. И така размислувајќи, сфаќате дека вашиот живот е сосема ист како претходниот ден и дека вашата коса била непотребна жртва за нешто друго што веќе долго време го одложувате во вашиот живот. Нешто на што навистина му е потребна промена. Без разлика дали станува збор за вашиот професионален живот или приватниот, новата фризура, колку и да сакаме, едноставно нема моќ магично да ги заврши недовршените работи.

Дипломската или магистерската, натрупаните работни обврски или било кој друг проект кој сте го започнале, но кој поради некоја причина постојано го одложувате… Или пак, можеби станува збор за љубовната врска или некое пријателство. Сите овие нешта можат да бидат причини за вашата коса да настрада. Па, токму затоа нареден пат кога ќе почувствувате ваква силна и интензивна потреба да направите некоја огромна промена во вашиот живот која ќе резултира со повик кон вашиот фризер, прво запрашајте се дали навистина го сакате тоа или пак, можеби има нешто друго на што треба да го насочите вашето внимание. Верувајте ми, јас научив на потешкиот начин и изгубив 15 сантиметри од мојата коса за да сфатам дека всушност промената која ми била потребна е дипломата, а не нова фризура… 🙂

Одговорете

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

w

Connecting to %s