Занимливости

Банана капкејкс

Неодолив рецепт за вкусни капкејс со вкус на банана

Банана капкејкс

Потребни состојки:

  • 125 грама брашно;
  • 1 лажичка прашок за пециво;
  • 1/4 лажичка сода бикарбона;
  • 75 грама путер, стопен;
  • 75 грама шеќер;
  • 2 јајца;
  • 2 банани, згмечени.

Начин на подготовка:

Загрејте ја рерната на 160 степени, наместете ги хартиените калапи за капкејксите и поставете ги во вашата тава за печење. Во сад измешајте ги заедно брашното, прашокот за пециво и сода бикарбоната и тргнете го настрана. Во друг сад измешајте ги шеќерот и путерот, додајте ги јајцата и бананите и мешајте додека не се соединат. Потоа земете ги сувите состојки и додавајте ги во влажните состојки постепено додека мешате. Наполнете ги хартиените калапи околу 2/3 со смесата и печете ги 25 минути. Внимавајте бидејќи секоја рерна е различна, па кога капкејксите ќе станат златникаво кафеави тие се готови и можете да ги извадите. Друг сигурен начин да проверите дали се готови е да земете чепкалка за заби и да го прободете тестото, па кога ќе ја извадите ако нема тесто на неа залепено тие се готови. Ако сакате да ги декорирате погрижете се да имаат време прво да се оладат.

Одговорете

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s