Одлука
Писмата од Мишима

Одлука

Секојдневно носиме одлуки. Мали и големи. Почнувајќи од тоа што да носиме денес, што ќе јадеме, што да бидеме во животот, која да биде нашата професија, па до такви, дали да кажеме нешто на нашиот другар, знаејќи дека можеби тоа ќе го повреди или дали да си заминеме и да оставиме сѐ зад себе и да почнеме некаде далеку од почеток. Да, одлуките се неминовен дел од нашиот живот, од нашето постоење. Тие се оние кои нѐ обликуваат, кои нѐ прават она што сме, свесно или несвесно.

Одлука

За некои можеме да кажеме дека сме горди што сме ги направиле, дека нѐ прават среќни и дека неверојатно добро се носиме со нив. Има одлуки за кои се каеме во почетокот, но подоцна сфаќаме дека без нив животот не би бил ваков како што е денес. Сме изгубиле нешто, но сме добиле многу повеќе. Не би ги имале овие луѓе околу себе, сме добиле непроценлива лекција, сме сфатиле одредени луѓе какви се. Ние не би сфатиле колку вредиме и всушност колку сме силни, доколку не сме пресекле и не сме ја донеле таа одлука. Некогаш некои одлуки се донесуваат против наша волја и излегуваат други работи кои на почетокот и не ни се нешто најубави, но потоа уживаме во нив. Неверојатно е чувството кога после подолго време го гледаме резултатот и сме благодарни за тоа што ни се случило и за тоа како сме изреагирале на тоа.

Но, има и едни други. Е тие ги нарекуваме грешки. За нив се каеме што сме ги донеле. Тие нѐ прогонуваат долго време, па така кога спиеме и кога во нашите соништа се појавуваат, будејќи се прашуваме дали сме ја донеле вистинската одлука. И после подолго време си велиме, да, згрешив, нема никогаш да ја повторам оваа одлука, таа беше грешка за мене. Колку пати сте си го рекле ова на себе и пак сте донеле слична таква одлука поради која подоцна сте се каеле?

Едно знам од мое искуство, а тоа е дека никогаш не треба да носиме одлуки кога сме нервозни, кога сме лути, затоа што некои работи, некои зборови после тоа не можат да се избришат, не можат да се заборават, па така секогаш остануваат како дамки, лузни и секогаш ќе не подсетуваат на тоа колку сме биле незрели. Да, незрели, затоа што не сме деца, па да се лутиме и потоа да се смириме како ништо да не се случило. Не иде тоа така. Земете напишете на лист што ве мачи, извикајте се во перница, пуштете гласна музика, разговарајте со некој… Направете било што за одлуката да ја донесете со ладна глава. Нешто да го одвлече вашето внимание. После тоа запрашајте се дали тоа што ве вознемирило било толку големо, колку што ви се чинело во моментот?

Затоа што како што вели една моја другарка, сите живееме со одлуките кои што ги носиме и треба да се навикнеме на последиците кои настануваат од нив. Па, затоа следен пат внимателно размислете што правите, особено кога треба да носите големи одлуки, оние кои се наоѓаат на вашата огромна раскрсница, од која зависи правецот на вашиот понатамошен живот.

И на крајот запрашајте се, ако сакате да се откажете од нешто, тогаш зошто толку долго сте се држеле за него?

Со љубов,

Мишима

Одговорете

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s