Во светот на филмовите и сериите

#Defiance – Научно фантастична серија која МОРА да почнете да ја гледате

Пред некое време се жалев дека ми фали добра научно фантастична серија во животов, бидејќи поголемиот дел од нив ги имам изгледано по 100 пати и ми требаше нешто ново, да ми воведе малку свежина во секојдневието. Токму затоа го прашав Гугл за препорака и некако успеав да налетам на Defiance. Пуштив трејлер, ми се виде фина и си реков ајде има добри критики, многу луѓе ја препорачуваат, мора да е добра (иако не верував дека нешто некогаш би можело да ми ги надмине Farscape и Firefly) и ја симнав. По недела, две (читај: се каам што не ја пуштив веднаш!), вчера конечно најдов малку слободно време и ја пуштив првата епизода. На кратко: LEGEN wait for it DARY!!! Не можев да престанам да ја гледам.

#Defiance - Научно фантастична серија која МОРА да почнете да ја гледате

Приказната нè води во иднината, каде што вонземјани ја нападнале и тераформирале нашата планета. Долго време имало војна, но работите конечно се малку смирени. Денес, на планетата Земја, каква што никогаш не би ни можеле да ја замислите, покрај луѓето живеат и повеќе видови вонземјани. Сите се обидуваат да се адаптираат едни на други со цел да можат сложно да живеат. Разбирливо, работите не одат многу лесно на ова поле. Но, жителите не се единствените кои се промениле. На Земјата има различни растенија и смртоносни животни кои го прават животот уште потежок за живеење. Во моментов ќе ви откријам само еден спојлер на тема мутирани животни – а тоа се џиновските пајаци! Што!?

Главните ликови се Џошуа Нолан (Грент Боулер), кој е човек и Ириса (Стефани Леонидас), која е Иратиентка и негова на некој начин посвоена ќерка. Тие се отпадници, крадат за да преживеат, но во првата епизода ќе налетаат на безбеден град во кој ќе можат малку да се опуштат и одморат од постојаното живеење на отворен пат. И како во сите останати приказни од SyFy тие по сплет на околности ќе добијат високи позиции во градот кои ќе ги задржат таму. И токму тогаш почнува забавното! Но, ајде да не ви го расипувам уживањето во приказната, ве оставам сами да откриете колку навистина е одлична оваа ТВ серија.

Што се однесува до самите ликови, многу ми се допаѓа начинот на кој тие се создадени. Секој лик е на свој начин уникатен и различен од она што досега сме го гледале во научно фантастичните приказни и токму тоа ми ја прави оваа серија привлечна. А приказната… Ах, приказната… Да можев да бирам „паралелен универзум“ во кој би сакала да живеам, дефинитивно оваа планета Земја би ми била во топ 5. ОК, готово, ќе престанам да пишувам и ќе ве оставам на раат да си ја симнете првата епизода и целосно да уживате во неа! Не за друго, и мене ми се симна следната епизода. Бидете ми поздравени.

This slideshow requires JavaScript.

Одговорете

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s