Потребни состојки:
- 2 банани, згмечени
- 150 грама безглутенско брашно (Schar)
- 200 милилитри млеко
- 1 жолчка јајце (ако не сте алергични како мене, ставете ја и белката)
- 2 лажици маслиново масло
- 1 лажичка прашок за печиво
Начин на подготовка:
Прво промешајте ја жолчката, па додадете го маслиновото масло и млекото и мешајте. Потоа додадете ги и останатите состојки и добро промешајте. Од добиената смеса би требало да добиете 5 – 6 палачинки. Правете ги подебели, со цел подобро да можете да го почувствувате вкусот на бананата.
Доколку сакате да експериментирате, во смесата што ќе ви остане за последните 2 палачинки додадете 1 рамна лажичка какао и малку млеко. Ќе добиете неодоливи чоколадни палачинки кои ќе ви разбијат малку монотонија.
Добар апетит!