Бидејќи Divergent ми беше еден од омилените филмови од минатата година (се плашам да ви кажам точно колку пати го имам гледано) не можам ни да ви објаснам со колку големо нетрпение го очекувам вториот дел – Insurgent. И покрај тоа што ги прочитав книгите (тотално ви ги препорачувам!) и знам што ќе се случи следно, сепак ги одбројувам деновите до премиерата (20 март) и постојано барам нови информации за приказната во филмот.
Уште по излегувањето на првиот трејлер забележав дека има многу промени во самата приказна (особено поради фактот што една сцена од последните страници на третата книгата е вклучена во вториот дел), па малку бев скептична за тоа дали ќе успеат промените кои ќе ги воведат. Но, пред некој ден авторката на книгите, Вероника Рот, изјави дека го гледала филмот и ја сподели својата критика за него со светот. На кратко, таа вели дека било одлично тоа што го видела. Добро е, можеме сите да се опуштиме и да дишеме слободно… И да, мислам дека само што си персирав сама на себе! 🙂 Во секој случај, ако и вие сте фанови на филмот, додека чекате да дојде 20-ти март, погледнете точно што нè очекува во Insurgent преку видеата подолу и фотографиите погоре.