Паѓање
Писмата од Мишима

Паѓање

Никогаш нема да го заборавам тој ден, тој момент. Тоа беше мојот повик за будење.

Ни сите ни се случуваат неубави работи, мислејќи во моментот дека нашите се најлоши, нашите најмногу болат, дека никогаш нема да го преживееме тоа. Но, времето поминува и од тоа сме искочиле или подобри или полоши, зависи дали сме ја научиле нашата лекција.

Паѓање

Поминував низ тежок период. Загубив драга личност. По моја вина. Подоцна не ја добив работата која што толку ја сакав и се трудев, каде часовите ми поминуваа за миг, за која зборев со толкава љубов и секогаш заминував со насмевка после работа и едвај дочекував да отидам пак на работа.

Можам да кажам дека дома наликував на зомби. Спиев неверојатно долго, каде во моите сонови сѐ беше прекрасно, убаво, онака како што сакав, а се будев и заспивав со солзи во очите. Соновите ми беа единствен излез.

Во еден миг имате сѐ, а веќе во нареден миг го губите сето тоа. Знам да кажам, кај мене кога иде надоле, иде сѐ комплет.

Деновите ми поминуваа во молчење, не се смеев и имав изгубен поглед. Знам дека мајка ми постојано ме прашуваше што е, дури и си помислија дека они ми направиле нешто лошо. Секогаш ѝ велев: Ќе помине.

Сета таа болка ја чував во себе, ја трупав, наталожував и зголемував мислејќи дека ќе помине самата од себе. Секакви мисли ми пролетуваа. Го труев умот со негативност.

Се спремав за семинарот. Јас сум човек што сака сѐ да има однапред испланирано, внимава на секакви ситници, особено кога е нешто вака одговорно и на пат. Ама ете се случи. Не разбрав точно во колку време тргаме. Они ми збореле за сабајле, јас сум сфатила дека тргаме вечер. Тоа беше шок за мене. Го пропуштив тргањето.

„Што си случува со тебе?“ – си велев. Плачев, го фрлив телефонот. Тоа беше последната капка кое го прелеа моето молчење. Експлодирав. Сите чувства, фрустрации почнаа да излегуваат од мене.

„Треба да се соочиш,“ – си велев. Ова е крај, ова е толку неодговорно од тебе. Знам дека ги фрлав работите во куферот проколнувајќи се, велејќи си колку сум неспособна, дека не вредам. Не, тоа не бев јас. Бев толку задушена во мојата тага и во мојот имагинарен свет, притоа не сфаќајќи дека ги повредував и другите околу мене со моето молчење. Знам дека седнав на каучот и почнав да плачам. Липав. Ако ти е, си велев во себе, таман да се освестиш. Гледаш ли што правиш? Даваш слика на толку неодговорна личност. Мајка ми викаше на мене, велејќи дека не ме препознава, дека треба да се сносам со моите последици… Помнам само дека татко ми ми ја допре главата, поставувајќи ги рацете на моите мокри образи и тивко и смирено ми рече: „Сѐ ќе биде во ред. Пополека. Смири се. Ќе решиме сѐ.“

Се срамев да го погледнам.

„Што правиш?“ – си реков. Разбуди се. Погледни добро околу себе. Сѐ рушиш. Сѐ влечеш надоле. Има луѓе кои се грижат за тебе, а ти ги повредуваш, мислејќи дека твоето е најлошо…

Се спакував и заминав на неколку дена. После семинарот отидов кај една другарка. Да се одморам од градот, од луѓето во него, да ги разбистрам мислите, да размислам што ќе правам понатаму во животот. Знам дека шетавме со часови низ лозјата, коментирајќи за сите случки и сумиравме заклучоци. Другарка ми се појави во правото место, во вистинското време. Ја обожавам. Исто така неверојатна е лековитоста на природата, каде тишината ти дава простор добро да размислиш и да сфатиш за твоите постапки. Знам дека си се барав самата себе. Се изгубив во лавиринтот на тагата. Си ги барав заборавените сништа. Таа случка крена голема прашина во мене. И благодарение на нејзе ги видов моите сништа, кои почнаа да сјаат и да ми го покажуваат патот на каде треба да одам. Почувствував толку силно биење на срцето.

Знам дека го допрев дното. Но, и пополека се издигнувам од него, идејќи храбро кон површината. Никогаш не смееме да дозволиме неубавите случки да нè затвораат и да нè влечат надоле. Знаеме да ги кривиме сите, но клучот лежи во нас. Мораме да се носиме со сите работи кои што ни ги подготвува животот. Имаме и падови и подеми. Во тоа е убавината. Тоа нè прави личности какви што сме.

Со љубов,

Мишима

Одговорете

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s