Ленард Нимој имаше огромно влијание врз нашите животи, особено со улогата на познатиот Спок. Но, покрај таа улога, тој остави трага и на многу други начини, почнувајќи од неговата страст за уметноста, па сè до борбата за рамноправност во светот. Токму затоа решив да ги издвојам овие цитати од него, како и од неговиот лик, Спок, со цел да се обидам да го пренесам неговото значење во овој свет…
„Промената е основен процес на целото постоење“
„Во мене владее идејата дека кога ги правиме оние нешта кои се корисни и од помош, собирајќи ги овие траги од духовноста, ние можеби на некој начин помагаме да започне исцелувањето.“
„Потребите на повеќето ги надминуваат потребите на малкуте, или на едниот.“
„Знаете, долго време верував дека артистите не секогаш знаат што прават. Вие не секогаш знаете на каков вид универзален концепт ќе налетате.“
„Недоволно факти секогаш покануваат опасност.“
„Логиката е почетокот на мудроста, не нејзиниот крај.“
„Без следачи, злото не може да се шири.“
„Чудото е следното: Колку повеќе споделуваме, толку повеќе имаме.“
„Компјутерите се одлични и ефективни слуги, но јас немам желба да им служам.“
„Јас не сум Спок. Но, доколку треба да бидам некој друг, тогаш би бил Спок. Секогаш би го одбрал него. Ми се допаѓа. Му се восхитувам. Го почитувам.“
„Откако ќе го елиминирате невозможното, тоа што ќе остане, без разлика колку е неверојатно, мора да биде вистината.“
„Кога ми дозволувате да земам, јас сум благодарен. Кога ми дозволувате да дадам, јас сум благословен.“
И за крај, погледнете го неговиот последен твит. И вас ви се насолзија очите, нели?
A life is like a garden. Perfect moments can be had, but not preserved, except in memory. LLAP
— Leonard Nimoy (@TheRealNimoy) February 23, 2015
Јас сум сигурна дека никој, никогаш нема да те заборави. Ти си една од оние личности кои засекогаш ќе бидат во нашите срца. Почивај во мир хероју.