Занимливости

Запознајте ги подобро расите: Бигл

За оваа раса можам да кажам дека ме освои на прв поглед. Пресудни беа неговите бадемасти очи, спуштените уши, неодоливата муцка, опашката која стои како знаменце и неговиот жив темперамент.

За оваа раса можам да кажам дека ме освои на прв поглед. Пресудни беа неговите бадемасти очи, спуштените уши, неодоливата муцка, опашката која стои како знаменце и неговиот жив темперамент.

Запознајте ги подобро расите: Бигл

Но секако, секоја раса е посебна и со своја убавина за која што ќе пишувам во понатамошните статии, но овој пат ќе се обидам да ве приближам до слаткиот бигл…

Историјат 

Оваа раса кучиња спаѓа во VI група според FCI (Fédération Cynologique Internationale), односно во групата на терачи, трагачи по крв и сродни раси. Постојат долгоноги и кратконоги терачи. Биглот е кратконог терач кој примарно тера кунич и зајак.

Потекнува од Велика Британија, каде што се популаризира во средината на 1800 година, кога сѐ повеќе се развивал ловот на мали површини во Европа.

Темперамент  

Биглот е јак, весел, дружелубив и е одличен соиграч на децата. Исто така, тој е и доста социјален кон други кучиња. Има некоја посебна харизма. Секогаш весел и темпераментен кој ќе го разубавува секое Ваше утро.

Оваа раса сака долги прошетки. Сака да трча. Вие ќе се изморите од шетање, но тие не! 🙂 Треба да се внимава да не се пушта да се шета без поводник, бидејќи лесно може да се занесе и да отиде на друга страна следејќи некој, за него интересен мирис. И да, водењето на поводник е приказна за себе. Сепак тие се терачи и сетилото за мирис е нивното најважно сетило. Нивниот црн нос постојано ќе биде насочен кон земјата и ќе душка.

Запознајте ги подобро расите: Бигл

Нега

Има кратко влакно кое не бара некоја посебна нега. Доволно е четкањето на влакното два пати неделно со чешел со меки влакна. Треба редовно да се прегледуваат неговите спуштени уши, поради поголемата можност за инфекција.

Запознајте ги подобро расите: Бигл

Физички карактеристики

Биглот има компактно, мускулесто тело со средна должина и облик на квадрат. Тие имаат прекрасно експресивно лице со спуштени уши и темни очи. Краткото крзно, најчесто тробојно, со црвено или кафено, со црна боја на грбот и бела на нозете, стомакот и муцката, е меко на допир.

Опашката е поставена умерено високо и никогаш не е свиткана над грбот. На крајот завршува со бела боја, која наликува на знаменце, кое му покажува на ловецот каде се наоѓа кога главата му е спуштена надолу и следи мириси.

Запознајте ги подобро расите: Бигл

Здравствени проблеми

Како и секоја раса, така и оваа е склона на одредени заболувања. Најчести се: дисплазија на колкот (нарушена нормална анатомија на зглобот на колкот, каде доаѓа до сублуксација – делумно одвојување или луксација – комплетно одвојување на главата на бутната коска со ацетабулумот – зглобната чашка), хипотироидизам (намалена функција на штитната жлезда), епилепсија, инфекции на увото, глауком (болест на окото која се карактеризира со повремен или трајно зголемен интраокуларен притисок кој може да предизвика оштетување на оптичкиот нерв, а доста често и слепило како крајна последица) и „cherry eye“ (пролапсус на жлездата на третиот очен капак).

Запознајте ги подобро расите: Бигл

Се надевам дека малку повеќе дознавте за Биглот, кој со својата храброст и интелигенција и со својот добродушен и пријателски темперамент го прави недолив за да биде дел од Вашата фамилија.

Одговорете

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s