Колумни

Факултет

Сакам да ја искористам оваа шанса да им препорачам на сите професори да излезат од својата удобна зона и наместо да нè затупуваат со монотони предавања кои нè тераат да си ја трескаме главата во ѕид и да се запрашуваме зошто сме го избрале овој факултет, да најдат начин креативно да ни го привлечат вниманието.

Љубов

Сите ние сме биле или во моментов сме студенти. Мислам дека зборувам во името на сите кога ќе кажам дека секој од нас ги имал оние професори кои ја имаат способноста да излечат хронична несоница. Како за инает секогаш предавањата кај тие професори ми биле задолжителни, па затоа морав да најдам креативни начини за да останам будна (пиењето кафе ми помагаше само до одредени степени).

Факултет

Покрај кафето имам неколку работи кои можам да ги правам за да не заспијам, како наоѓање место каде што професорот/ката не ме гледа и читање книга (која не е поврзана со факултет). Друго нешто кое го правам за да не заспијам е слушање музика (во средно научив како умешно да ги кријам слушалките за да не се забележат). Најновата работа која ја правам е пишувањето, не за предавањето туку текстови како овој сега. Но, не секогаш имам инспирација да пишувам (односно не секогаш сум доведена до тој степен на досада), па до тогаш се одржувам будна со другите методи.

Во прва година имав професор кој доколку сака може да ја истреби несоницата користеќи ја само моќта на неговиот глас. Верувајте ми кога ќе кажам дека нема помонотон професор од него. Друга професорка што ја имав кога предаваше, го користам терминот „предаваше“ лабаво бидејќи сè што правеше е читање од монитор или листови кои ги имаа, од збор до збор, истите работи како слајдовите. Кај неа на предавање имав инспирација да ги напишам колумните „Љубов“ и „Промена“ и некако успеав да ги напишам и двете во едно предавање. Од друга страна, имав еден професор кој знаеше дека е досаден и не бараше задолжително присуство. Се прашувам како знаеше? Епа на првото предавање има полна предавална студенти, на второто десет…

Ок, доста за досадните, не сите професори се такви, има и професори кај кои ти е мило да одиш на предавање. Оние кои го прават предметот интересен и кои прават позитивна атмосфера за учење. Овие професори едноставно ме тераат да го научам тоа што било предавано. Да, ваквите професори/ки се поретки, но мислам дека е добро што ги имам. Само колку да одржуваат баланс. Без нив можеби досега 100 пати ќе се откажев од факултетот. Тие се причината поради која сакам да истражувам и поради кои секојдневно одново се заљубувам во тоа што го учам. Токму затоа сакам да ја искористам оваа шанса да им препорачам на сите професори да излезат од својата удобна зона и наместо да нè затупуваат со монотони предавања кои нè тераат да си ја трескаме главата во ѕид и да се запрашуваме зошто сме го избрале овој факултет, да најдат начин креативно да ни го привлечат вниманието. Ова не е лесно, знам, но нели целта на професорот е да го пренесе своето знаење на студентите? Да ги научи на нешто ново и возбудливо? Епа како да научам нешто ако сум целосно фоксуирана на пишување вакви текстови со цел да се одржам будна на предавање каде што професорот или професорката ни го чита она што и ние самите можеме да го прочитаме дома во книгите кои сме си ги купиле?

Одговорете

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s