Занимливости

Неколку начини на кои можете да ја подобрите вашата интуиција

Можеби е време да заборавиме на сè што сме научиле за животот и да почнеме од почеток, но овој пат да се водиме од нашата интуиција, оној мал внатрешен глас кој во секој момент знае што е најдобро за нас…

Живееме во свет каде што сите се опседнати со контрола на својот живот. Ние се плашиме од несигурноста, постојано се обидуваме да го предвидиме она што нè очекува и се плашиме од сè што може да тргне наопаку. Ние не сфаќаме дека со константното фокусирање на сите оние нешта кои можат да тргнат во лоша насока се водиме кон катастрофа. Токму затоа можеби е време да заборавиме на сè што сме научиле за животот и да почнеме од почеток, но овој пат да се водиме од нашата интуиција, оној мал внатрешен глас кој во секој момент знае што е најдобро за нас…

nekolku-nachini-na-koi-mozhete-da-ja-podobrite-vashata-intuicija-marsovcinazemjata-com

Медитација – Пораките од вашата интуиција знаат да бидат тивки, па токму затоа поминувањето време во тишина ќе ви помогне да го слушнете вашиот внатрешен глас.

Истражувајте – Откривајте ја околината со сите ваши сетила. На овој начин ќе ја зголемите чувствителноста и на шестото сетило.

Соништа – Не ги игнорирајте вашите соништа, бидејќи кога вашиот когнитивен ум е зафатен, тој може да го потисне интуитивниот дел од него во потсвесното. Но, кога спиете когнитивниот ум се одмара, а потсвесното надвладува.

Креативност – Вклучувањето во креативни активности како цртање или пишување го смирува вашиот разум и ѝ дозволува на интуицијата да добие посилен глас.

Тело – Никогаш не ја потценувајте моќта на вашето тело. Вашата интуиција постојано комуницира со вас преку него. Размислете, како се чувствувате во моментов? Има ли нешто што вашето тело сака да ви го каже?

Спонтаност – Заборавете денес на вашата секојдневна рутина и направете нешто спонтано. Избегајте, успорете, одморете… Направете нешто што не е својствено за вас и дозволете ѝ на интуицијата да надвладее.

Природа – Времето поминато надвор, на свеж воздух и што подалеку од технологијата е одличен начин да го смирите вашиот зафатен ум и да ѝ го отворите патот на интуицијата до вас.

Минато – Учете од минатото. Потсетете се на стари настани, позитивни и негативни, и откријте што тие ви кажуваат за вас, за начинот на кој реагирате, како и за луѓето околу вас.

Чувствувајте, не размислувајте – Умот постојано размислува и најчесто се кара сам со себе како лудак. Интуицијата, од друга страна, чувствува. Доколку не сте сигурни дали го слушате вашиот бестрашен ум или вашата доверлива интуиција, обидете се да направите разлика помеѓу тоа што го размислувате и тоа што го чувствувате.

Ослободете се – На крајот од краиштата, она што е најважно е да се ослободите од сите оние граници кои сте си ги поставиле самите на себе. Излезете од вашата удобно зона и направете нешто без да размислите. Дозволете му на вашиот тивок внатрешен глас да ве води полека низ животот.

Одговорете

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

w

Connecting to %s