Патагонија е ретко населена област која се наоѓа на јужниот крај од Јужна Америка и која се дели со Аргентина и Чиле. Овој регион опфаќа планински области, како и пустински и токму тоа го прави едно од најмагичните региони на планетата. Патагонија има 2 брега, западен кој гледа кон Тихи океан и источен кој гледа кон Атлантскиот океан.
Токму убавината на пејсажите во оваа област го инспирирала фотографот Јакуп Поломски да отиде на патување на која ќе ја направи оваа прекрасна галерија фотографии. Доколку ви се бега малку од реалноста погледнете ги овие фотографии и отпатувајте на едно од најубавите места на нашата планета.