Колумни

Дожд

Дождот ми ги смени плановите, но нешто во мене се случи и сепак го постигнав она што планирав...

Можам слободно да кажам дека вчерашниот ден ми беше еден од ретките во кои немав време дури ни да земам воздух. Толку многу бев зафатена што не стигнав ни да пуштам пост на блогов (за овој дел морам да го обвинам малку и недостатокот на струја вечерта), па дури ни да изгледам некоја епизода од илјадниците серии што редовно ги гледам (читај: секогаш успевам да најдам време за моите серии!). Но и покрај сè, мислам дека капаче на целата моја пренатрупаност беше времето. После неколку прекрасни сончеви денови, мораше баш вчера да врне. Ах…

Дожд

И токму со таа мисла излегов од дома. „Зошто мораше баш денес да врне?“ Претходната вечер си направив план дека наместо да одам со кола лево десно, можам да си пешачам до местата каде што требаше да одам. Ем ќе заштедам бензин, ем ќе малку ќе си ги протегнам нозете. Но, дождот ми ги смени плановите. Како што одев накај факултет низ глава ми се вртеа сто сценарија, како поради дождот ќе има многу гужва, нема да може да се најде паркинг или ќе ме наврне (бидејќи немам чадор), па ќе мора да седам мокра… И така си се нервирав додека одев од едно, на друго, па на трето место сè додека одеднаш не ми се споија неколку жички во главата и за само еден момент решив да ја оставам колата и да пешачам, исто како што си планирав претходниот ден.

Не можам ни да ви објаснам колку добро се почувствував. Си ги завршив сите обврски кои ги планирав за денот, дури и оние кои со месеци ги одложував и плус не му дозволив на времето да ми го одземе уживањето во краткото пешачење кое си го планирав како награда за добро завршената работа. И така си одев по дождот, без чадор и си се радував како мало дете. Не само што ми помина целата нервоза од главата, туку и се расположив и се почувствував поживо од било кога претходно. Има нешто магично во чувството кое го предизвикува дождот кој нежно те гали по лицето, како да сака да ти каже не си сам во целиот овој хаотичен свет.

Дожд
Толку бев среќна што си го документирав патот до дома преку фотографии 🙂

Токму затоа и решив да ја напишам оваа колумна. Да ве охрабрам и вие понекогаш да излезете од вашата удобна зона и без разлика на препреките кои се поставени до вашата цел, едноставно да го направите она што знаете дека ќе ве исполни. Мене вчера ми требаше прошетка и токму тоа го направив, без разлика на дождот и на тој начин се исполнив со неверојатно многу позитивна енергија. Не бидете толку фокусирани на негативните исходи, туку обидете се да се фокусирате на она што навистина ви е потребно во моментот. Без разлика дали станува збор за прошетка на лошо време, признавање на вашите чувства на личноста која подолго време ја љубите или пак, за нешто сосема трето. Секој ден треба да се искористи во целост и тоа нема да можете да го постигнете доколку постојано се жалите за „дождот“ во вашиот живот. Зарем не би сакале секоја вечер да си легнувате со насмевка на вашето лице и со мисла дека сте завршиле сè онака како што вие сте сакале и планирале? Пробајте некогаш. Па, дури и да се намокрите, секогаш ќе ја имате можноста да се исушите покрај некое топло парненце и шолја кафе.

2 коментари

Одговорете

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s