Психологија

Психологијата ни открива како да препознаеме лаги

Дарен Стентон е познат како човечкиот детектор на лаги. Тој е еден од врвните експерти за говор на телото и е мастер при откривање измами. Па, доколку сакате да дознаете дали некој ве лажe, тој ви препорачува да се фокусирате на следниве 9 знаци...

Дарен Стентон е познат како човечкиот детектор на лаги. Тој е еден од врвните експерти за говор на телото и е мастер при откривање измами. Па, доколку сакате да дознаете дали некој ве лажe, тој ви препорачува да се фокусирате на следниве 9 знаци…

Психологијата ни открива како да препознаеме лаги

Избегнување контакт со очи – Кога лажат, луѓето најчесто се чувствуваат непријатно и токму затоа го избегнуваат контактот со очите. Тие исто така ќе ги допираат своите очи, ќе зеваат или едноставно ќе стојат завртени со грб кон вас.

Претеран контакт со очи – За жал, постојат и луѓе на кои не им пречи лажењето, па токму затоа тие ќе се обидат постојано да го одржат контактот со очите со цел да ве убедат дека не ве лажат. Доколку го држат контактот со очите повеќе од 6 секунди, веќе треба да почнете да сомневате.

Насока на погледот – Малку познат, но корисен факт е дека деснаците кога лажат погледнуваат кон десно, додека пак леваците кога лажат погледнуваат кон лево.

Зборови кои излегуваат од нивната уста – Повторувањето на зборовите се добар знак дека се случува измама. Кога лажливецот ќе биде ставен во центарот на вниманието, тој или таа имаат малку време да испланираат соодветен одговор, па токму затоа ќе го повторат она што го кажала личноста која ги обвинила за лажење. На пример, искрената личност на прашањето „Дали ме изневеруваш?“ ќе одговори со едноставно „Не“, додека лажливецот ќе одговори со „Не, не те изневерувам“.

Држење на телото – Вкрстените зглобови и раце се клучен индикатор дека некој ве лаже. Но, многумина се свесни за ова однесување, па се обидуваат да компензираат со широко отворен говор на телото. Слично, лажливците имаат тенденција да се постават себеси во десниот агол на личноста на која ѝ кажуваат лага. Кај жените брзо се појавува црвенило на лицето додека лажат, па и тоа е еден одличен индикатор.

Движење на рацете – Ние учиме многу навики кога сме деца, па токму затоа и сме научиле дека треба да ја покриваме устата или да го допираме лицето кога кажуваме нешто што не треба. Кога станува збор за возрасни, сите видови гестикулации со раце кои се вртат околу горниот дел на телото, градите или лицето, се сметаат за индикатори на лага.

Боја на усните – Верувале или не, кога една личност лаже, бојата на нејзините усни се менува. Токму затоа доколку усните или лицето на личноста со која зборувате стануваат црвени или бели како на дух, тоа е клучен знак дека ве лажат. Ова настанува поради природната реакцијата на телото за време на притисок.

Испотени раце – Ова е еден од наједноставните начини да откриете лага. Луѓето кога лажат се потат многу повеќе отколку кога ја кажуваат вистината. Доколку се сомневате дека некој ве лаже, ракувајте се со него/неа и брзо ќе откриете дали сте во право.

Сарказам – Лажливците имаат многу малку време за да создадат факти за приказната во која другите се сомневаат, па токму затоа користат сарказам како метод на блефирање.

Одговорете

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s