Крилја
Писмата од Мишима

Крилја

Ми треба промена. Знам дека ми е потребна, кога се чувствувам вака. Кога ми е сеедно. Чудно чувство е тоа. Всушност тоа е кога еднаш премногу си се грижел за сѐ, а сега не. И си рекол „Доста!“. Тоа е кога сѐ си ставав на срце, кога сите ги поставував пред мене, пред моите желби и потреби. Едноставно тие беа приоритет во мојот живот, но за жал јас бев само нивна опција.

Крилја

Имам потреба да излезам од јајцето. Од оваа негова лушпа. Ја имам израснато. Ја кршам бидејќи ми треба свеж воздух. Нова средина. Нови надежи и цели. Не сум среќна тука. Тука нешто ме гуши, не сум своја на своето. Фали нешто. Еден мал дел, една искра за сѐ да запали.

Сакам да летнам далеку од тука, илјадници километри подалеку. Имам крилја, само сè уште го чекам поволниот ветер за да полетам. Ги погледнувам. Кревки се бидејќи неколку пати биле кршени и поправани. Сè уште не се добро заздравени од последните случки, но морам да им верувам. Само тие можат да ме однесат до крајната дестинација. До подоброто утро.

Промената ја сакам и ми е потребна, кога многу работи тука ме разочарале и ми покажале дека вредам повеќе, дека заслужувам многу од тоа што сме мислеле. Од самата таа помисла срцето повторно забразно ми чука.

Истовремено и се плашам. Нормално е тоа кога излегуваш од својата сигурна, комфортна зона и кога се впушташ во нешто непознато. Кога не знаеш на крајот како ќе заврши. Но, знам дека го сакам тоа. Желбата за промена ми е посилна од стравот. Едноставно си ја барам среќата, решена сум да се коцкам со сѐ, да изгубам сѐ. Но, и ќе добијам ново сѐ, можност за нов почеток. Зар не звучи толку прекрасно и мотивирачки?

Знам дека тука не припаѓам. Никогаш и не сум припаѓала. Последните случувања само ми ги потврдија моите сомнежи, ми дадоа сила да се обидам уште еднаш. Ми покажаа дека секој излез е влез за друго место. Можеби сум сама во ова, немам никој покрај себе, но ќе се обидам уште еднаш. Немам ничија рака да стиснам, да почувствува колку е ладна од страв, колку моите очи се збунети и помалку исплашени. Нема кој да ме прегрне и да ми посака среќен пат. Можеби така е подобро. Се челичам. Станувам посилна и поистрајна, верувајќи во себе.

Го чувствувам ветерот како ме гали по лицето и го слушам неговиот звук како ми вели „Ти го можеш тоа, пробај, обиди се уште еднаш, не се откажувај…“ Ги ширам моите крилја. Го чувствувам ветерот како започнува да дува, се посилно, како ме турка напред… Време е.

Со љубов,

Мишима

Одговорете

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s