Занимливости

Неколку причини зошто и вие треба да започнете со ваш личен блог

Kратка листа од 5 причини зошто и вие би требало уште денес да започнете со ваш блог. Никогаш не знаете на каде ќе ве насочи животот, но едно е сигурно, со ваш личен блог секојдневно ќе имате нешто на што можете неизмерно да се радувате...

Јас сакав да започнам со мој блог уште пред многу години, но некако не успевав да соберам храброст. Цело време се плашев да не случајно немам идеи или пак, да не изгубам интерес за него после неколку месеци и да ми пропадне целиот труд кој сум го вложила до тогаш. Исто така првичната идеја ми беше да пишувам само колумни, но ете некако работите тргнаа во сосема друга насока и се случи ова, Марсовци на Земјата, блог во кој се вклучени сите теми кои ме интересираат (во ред, нема да лажам, скоро сите теми – сè уште не наоѓам време за мода и не можам да објаснам зошто…) и во кој пишуваат и други автори кои многу ми значат.

Неколку причини зошто би требало да започнете со ваш блог

Токму затоа решив да составам една кратка листа од 5 причини зошто и вие би требало уште денес да започнете со ваш блог. Никогаш не знаете на каде ќе ве насочи животот, но едно е сигурно, со ваш личен блог секојдневно ќе имате нешто на што можете неизмерно да се радувате…

Инспирација

Дали редовно постирате инспиративни цитати и фотографии на вашите социјални мрежи? Можеби инспирацијата е една од оние таленти за себе кои сè уште не сте ги откриле. Инспирацијата е одлична причина да започнете со ваш блог, најмногу затоа што постојат луѓе на кои можете да им помогнете и да им покажете дека не се сами во овој огромен свет.

Покажете ја вашата работа

Дали сте артисти или пак, имате некоја посебна дарба? Дали сте талентирани за цртање, графички дизајн, или пак за фотографирање? Блогот е одличен начин за да ја покажете вашата работа на светот. Вие не само што ќе допрете до многу луѓе, туку и ќе можете полесно да се организирате и да бидете многу попродуктивни во својата работа.

Пронаоѓање истомисленици

Без разлика дали сте интроверти и имате потешкотии при социјализирање и запознавање нови пријатели или пак, сте екстроверти со широк круг пријатели, вие без проблем многу брзо ќе најдете луѓе кои размислуваат на истиот начин како вас. Откријте ги јавно вашите интереси и сите оние нешта кои ве фасцинираат и многу брзо ќе пронајдете пријатели со кои ќе можете да зборувате од сабајле до вечер за сите оние теми кои досега сте ги чувале во себе.

Изградете писателско портфолио

Доколку сте заинтересирани да градите кариера како писатели, блогот е одличен начин да стекнете дисциплина за секојдневно пишување. Исто така кога ќе решите да преминете на следниот чекор и професионално да започнете со оваа кариера, ќе имате покрај себе портфолио преполно со ваши дела кое може да ви помогне да бидете избрани за работата која ја посакувате.

Онлајн дневник

Доколку сакате да ги извлечете мислите од вашиот ум, блогот може да ви послужи како одличен начин за чистење на вашата свест и исфрлање на сите оние нешта кои ви тежат на душата. Но, ако не сте подготвени цел свет да го открие вашето размислување, тогаш можете да го направите вашиот блог приватен и само одредени луѓе да имаат пристап до вашите текстови.

Почнавте да размислувате посериозно за ваш личен блог? Или веќе сте собрале храброст и сте започнале? Ако одговорот е позитивен, пишете ми и веднаш ќе го споделам вашиот блог со нашите читатели.

2 коментари

Одговорете

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s