Во петок нè очекува затемнување на Сонцето, бидете подготвени за спектакл

Цела Европа ќе има можност да биде сведок на затемнувањето на Сонцето што ќе се случи задутре (петок, 20.03.15). Во зависност од местото на кое се наоѓате, кога Месечината ќе се постави пред Сонцето, таа ќе прекрива од 50 до 99% од неговиот дијаметар. За жал, доколку набљудувате од Скопје ќе имате можност да видите само делумна соларна еклипса. Се сеќавам на еден настан со целосно затемнување на Сонцето како мала, ама некако на делови само, можеби дури и повеќе од раскажување отколку од лично набљудување, па затоа би сакала пак да можам да го видам… Инаку не се разочарувајте, на 28-ми септември ние ќе добиеме целосно затемнување на Месечината! Јухууу! Не знам за вас, ама јас некако едвај чекам.

Во петок нè очекува целосно затемнување на Сонцето, бидете подготвени за спектакл

Да се вратиме на темата. Настанот ќе трае од 9:38 до 11:55 сабајле, со најголем интензитет во 10:46 часот. Токму затоа најдете време да направите мала пауза од работата или учењето во периодот околу 15 до 11 со цел да го видите овој прекрасен феномен со ваши очи. Не заборавајте да ги заштитите вашите очи!

Доколку сакате да ја видите целосната еклипса од најдоброто место за набљудување во светот, кликнете на следниов линк кој ве однесе до снимка во живо од местото на настанот.

Оние кои имаат среќа да се моментално во Ирска (90%), Велика Британија (87%) или пак, во Шкотска, Норвешка, централна и северна Шведска, северна Финска и Исланд (97%) ќе имаат можност да бидат сведоци на скоро целосно затемнување во Сонцето. Доколку некој од вас е таму, очекувам да ми испратите многу фотографии!

Каде и да сте, можете да проверите преку овој калкулатор колкав дел од Сонцето ќе биде прекриено од страна на Месечината.

Одговорете

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s