Занимливости

Сериски убијци со најголем број убиства во светот кои сè уште се живи

Погледнете го ова видео во кое се вклучени 6-те најстрашни сериски убијци со најголем број убиства зад себе и кои сè уште се живи (дел од нив и во затвор, за среќа).

Има нешто фасцинантно во психологијата на сериските убијци. Нешто што колку и да се трудиме, нема никогаш да можеме да го сфатиме. Имам доста читано за овие луѓе, повеќе од колку што би признала и ако нешто успеав да научам за нив, тоа е дека тие имаат потреба за убивање. Исто како што имаат и потреба за јадење и спиење. Оваа потреба не може да се стави под контрола, а поголемиот дел од нив по убивањето чувствуваат олеснување, возбуда и/или задоволство. Во многу мал број случаи се јавува каење и жал за стореното дело, но ниту едно од овие чувства, без разлика дали се позитивни или негативни, не придонесуваат за крај на убивањата. Со други зборови, доколку некој не ги спречи, тие самите никогаш не би престанале.

Сериски убијци со најголем број убиства во светот кои сè уште се живи

Пред некој ден додека гледав видеа на Јутјуб, сосема случајно налетав и на следново видео чии наслов веднаш ме заинтересира. Не очекував дека ќе се зборува за сериски убијци, но токму тоа и ме инспирира да го напишам овој пост. Да не должам, погледнете го ова видео во кое се вклучени 6-те најстрашни сериски убијци со најголем број убиства зад себе и кои сè уште се живи (дел од нив и во затвор, за среќа).

Инаку мора уште веднаш да кажам дека целосно се согласувам со девојкава и дека при изречување на казната, треба да се земе во предвид фактот дека треба да трае онолку животи колку што личноста одземала. Со други зборови, ако си убил 99 луѓе, треба да те осудат на 99 доживотни казни во затвор! Толку од мене.

2 коментари

    1. Па, секој со своето мислење. Јас не сум баш за смртни казни, дури ни во овие случаи, ама дефинитивно сум за доживотно во затвор! Уште подобро ако го стават во самица.

      Ми се допаѓа

Одговорете

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s