Кратко и јасно! Доколку сакате да го поминете денот пред компјутер, но истовремено без многу мислење и активирање на мозокот инсталирајте си ја LOADOUT.

Немам што многу да пишувам за играва освен фактот дека е најуникатната пуцачина што некогаш сум ја играл. Има стотици различни начини на кои може да ви умре карактерот и сите се со различен хумористичен момент кој сигурно ќе ве фати неподготвени првиот пат кога ќе го видите. Loadout е одлична друштвена игра доколку не сакате да седите сами дома и сте расположени за game night со другарите. Силно ви препорачувам пред да ја почнете играта да ги разгледате сите понудени taunts и внимателно да го одберете вашиот омилен. Во комбинација со соодветната облека се разбира.

Aко сте заинтересирани погледнете го следново кратко видео кое го направив од Loadout. Ако ви се допадне, направате subscribe на каналот. Благодарам однапред! 🙂