Многумина веруваат дека океаните се сини бидејќи во нив се рефлектира синото небо. Но, тоа не е точно. Океаните се сини поради начинот на кој тие ја апсорбираат сончевата светлина.

Кога сончевата светлина ќе допре до океаните, водата силно ги апсорбира боите со долга бранова должина на црвениот крај од светлосниот спектар, како и светлината со кратка бранова должина, вклучувајќи ги и виолетовата и ултравиолетовата. Преостанатата светлина која ние можеме да ја видиме е претежно составено од сина бранова должина.
Но, понекогаш океанот може да добие и други нијанси, вклучувајќи ја и црвената и зелената доколку светлината се одбие од објекти кои лебдат покрај површината на водата, како седиментите или алгите. Сината боја на водата варира и врз основа на тоа колку е способна да ја апсорбира светлината. На пример, водата во чашата е проѕирна, бидејќи нема доволно водни молекули за целосно да ја апсорбираат светлината. Но, водата во океаните изгледа сина бидејќи нејзините молекули ја апсорбирале прво инфрацрвената, црвената и ултравиолетовата светлина, а потоа и жолтата, зелената и виолетовата. Сината светлина е најмалку апсорбирана.