Мали мистерии

Како се формираат торнадата?

Со брзина на ветришта која достигнува и повеќе од 480 километри на час, торнадата се едни од најдеструктивните природни сили на Земјата.

Како се формираат торнадата?

Овој природен феномен ги има допрено сите континенти освен Антарктикот, но одредени локации на планетата имаат поголеми тенденции да доживеат торнадо од други. Многу од торнадата настануваат во таканаречената „Улица на Торнадата“ – регион во Америка кој започнува од Тексас и се движи северно кон Канзас.

Оваа област многу често ги имате 3-те потребни состојки за формирање на торнадото: многу топлина, влажен воздух во близина на земјата и атмосферска нестабилност. Комбинацијата на овие состојби предизвикува вертикално движење на воздухот, а со тоа и судирање на ветриштата кое резултира со исфрлање на влажниот воздух нагоре.

Во Улицата на Торнадата, топлиот и влажен воздух кој доаѓа од Мексиканскиот залив се судира со студениот и сув воздух кој доаѓа од Карпестите Планини. Оваа спротивставена интеракција предизвикува голем дел од топлиот воздух брзо да се подигне, а студениот воздух да падне, притоа формирајќи еден вид бура (supercell), која е долготрајна и го турка воздухот нагоре.

Но, оваа состојба не секогаш предизвикува формирање на торнадо. Научниците веруваат дека доколку две спротивставени ветришта се движат еден кон друг со различни брзини, воздухот помеѓу нив ќе почне да ротира по хоризонтална оска. Доколку едниот дел од хоризонталниот воздух се зароби во бурата, тој ќе се насочи вертикално, формирајќи облак во форма на инка. Постојаната енергија која се движи нагоре во бурата, го издолжува облакот во форма на инка и предизвикува со вртење тој да се зацврсти и да забрза. Тогаш почнуваат дождовите и ветриштата кои бурата ги притиска надолу кон опашката на облакот во форма на инка и во моментот кога тој конечно ќе допре до земјата, станува торнадо.

Одговорете

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s