Занимливости

Запознајте ги подобро расите: Мопс

„Multum in parvo“, односно „Многу во малку“. Дефинитивно оваа раса е големо куче во мало пакување.

Предходниот пат Ви го представивме слаткиот бигл, а овој пат на ред доаѓа неодоливиот мопс. Сите што запознале преставник од расата мопс ќе се сложат со латинската изрека „Multum in parvo“, односно „Многу во малку“. Дефинитивно оваа раса е големо куче во мало пакување

Запознајте ги подобро расите: Мопс

Историјат

Мопсот спаѓа во IX група според FCI (Fédération Cynologique Internationale), односно во групата на кучиња за придружба и разонода.

Оваа раса има долга и богата историја, која што започнува од древна Кина, каде датираат записи за нив стари 2.000 години. Мопсот толку ги воодушевувал што амбасадорите, дипломатите, истражувачите и патниците ги користеле како подароци или средства за размена. На овој начин, мопсот се шири низ светот, најпрво во Јапонија, а подоцна и во Европа. Тие биле и се дел од историјата и легендите. Така во 1572 година, мопс по име Помпеј (Pompey), кој бил миленик на Вилијам I Тивкиот, го спасил принцот, на тој начин што кога непријателот влегол во шаторот, мопсот започнал да лае и скок на лицето на својот сопственик за да го предупреди за надојдената опасност. Па, така кога принцот бил крунисан за крал, мопсот бил дел од неговата кралска поворка. Друга легенда вели дека кога Наполеон се оженил со Жосефина, едно од нејзините мопсови, го каснал за време на медениот месец.

Запознајте ги подобро расите: Мопс

Темперамент

Дружељубив и игрив екстроверт. Така може да се опише мопсот. Со својата лојалност, интелигенција и љубов тие се одлично друштво за луѓе од 7 до 77-годишна возраст. Тие обично добро се сложуваат со другите кучиња, а доколку во фамилијата има и мачка може да станат одлични пријатели.

Нега

Грижата за влакното на мопсот не е тешко. Треба да се четка со мека четка два пати неделно и тоа ќе изгледа прекрасно. Брчките на лицето треба да се чистат секојдневно, особено ако има јадење или нечистотија во нив.

Мопсот е брахицефалична раса, што значи дека неговата муцка е исклучително кратка. Ова може да предизвика потешкотии при дишењето особено при потешки, понапорни вежби или при жешки и влажни временски услови. Вежбите му се потребни за кучето да остане здраво и силно, но треба да се внимава. Прошетка наутро и навечер и играње со топка помеѓу, ќе му помогнат и годат.

Запознајте ги подобро расите: Мопс

Физички карактеристики

Мопсот има мало, крупно, набиено тело со облик на квадрат. Една од клучните карактеристики на оваа раса е нивната глава. Таа е масовна и тркалезна со кратка и тапа црна муцка. Кожата околу муцката и на челото е збрчкана. Ушите се високо поставени и се преклопени. Имаат големи и темни очи кои ќе Ве маѓепсаат на прв поглед. Тука не изостанува и неговиот неодолив опаш, кој е краток и завиен наназад. И ќе сакате постојано да си играте со него, да го завивате околу вашите прсти… 🙂

Крзното е кратко и мазно и може да се најде во сребрена боја, праска и црна боја. Лицето и ушите се секогаш црни.

Запознајте ги подобро расите: Мопс

Здравствени проблеми

Оваа раса има одредени здравствени проблеми како што се: проблеми со очите, со кожата, проблеми со респираторниот систем (со оглед дека е брахицефалична раса), склони се кон дебелеење, проблеми со локомоторниот систем и енцефалитис кај мопсот (Pug Dog Encephalitis). Тоа е воспаление на мозокот кое најчесто ги напаѓа 2 или 3-годишните кучиња и се манифестира со напади, летаргија и губење на контрола на движењето на мускулите. Така пред самиот напад, милениците често се вртат во круг и ја притискаат главата на ѕид или мебелот.

Запознајте ги подобро расите: Мопс

Тоа беше кратката прошетка заедно со мопсот, кој со својата весела природа и љубов ги прави да посакате да биде дел од Вашиот дом.

_______________________________________________________________________________

Автор: МајаАвтор: Маја

Дипломиран доктор по ветеринарна медицина. Обожавам ден поминат со моите четириножни пријатели, кафе, добра музика, книга и смеење. Секогаш кога имам можност, патувам. Слабост ми се дивите животни, па се надевам дека еден ден ќе работам во Африка. Секогаш се водам по мотото: Уживај во малите работи, можеби некогаш ќе се обѕернеш и ќе сфатиш дека биле големи! _______________________________________________________________________________

Одговорете

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s