Кој сака хорор игри? Технички оваа видео игра не е хорор, ама како таква ја гледаат затоа што има зомби во неа. И покрај тоа што не мора да значи дека ако играта има зомби, автоматски е хорор, во овој случај не можам ни да кажам дека нема страшни моменти.
Dying Light е игра која во некои земји ја сметаат за прилично контраверзна и не секаде е добро прифатена. Можеби не е за сечиj вкус и не можете да му ја пуштите на вашиот мал братучед кога ќе ви дојде на гости, но сепак никој не може да го негира фактот дека играта е одлична и секој хардкор гејмер треба да ја има пробано барем еднаш. Играта станува интересна уште на самиот почеток затоа што главниот карактер e веднаш гризнат од зомби и инфекцијата почнува да се шири во неговиот организам уште на првиот паркур тренинг. Градот е преплавен од зомби и секоја мисија која ја имате надвор од безбеднata зона ја правите трчајќи… Ни секунда не можете да застанете… Oсобено навечер. Во текот на играта се учат интересни боречки вештини и начини да се преживее, а интеракцијата со зомбињата е однесена на следното ниво.
Доколку сакате да ја видите играта имате краток gameplay тука, а за повеќе од Dying light направете subscribe на каналот.
_______________________________________________________________________________

Автор: Александар
Дипломиран економист, се ближи и магистратура. Зависник сум од видео игри и долги прошетки во парк… NOOOT (за паркот). Секој ден, цел ден танцувам, инаку сум поранешен инструктор по хип хоп танци и ако нешто сакам да постигнам е да докажам дека видео игрите не влијаат лошо на нас, туку сосема спротивното. Доколку сакате да ми се придружите на мисијата, можете да ме најдете и на Твитер.
_______________________________________________________________________________