Филм и ТВ

#TheXFiles се враќа со нови епизоди на малите екрани

Ова лето ќе имаме можност да го видиме новото поглавје од авантурите на Молдер и Скали.

По 13 години од последната епизода, The X-Files повторно се враќа на малите екрани. Од Fox изјавиле дека ова лето ќе имаме можност да гледаме мини серија од 6 епизоди во која Дејвид Дуковни и Џилијан Андерсон повторно ќе се вратат на своите најпознати ликови, агентите Фокс Молдер и Дејна Скали. Покрај нив ќе се врати и стариот креатор и продуцент на ТВ серијата, Крис Картер.

#TheXFiles се враќа со нови епизоди на малите екрани

Враќањето на The X-Files е најновиот пример во кој телевизиските продуценти се обидуваат да вратат во живот популарни стари серии како еден начин на благодарност за лојалните фанови. Со оглед на тоа дека ова почесто се случува во последниве неколку години, искрено се надевам дека ќе имаме можност да видиме и кратка мини серија од одличната Firefly! Пуштајте среќа!

Првата сезона на ТВ серијата The X-Files беше во далечната 1993 година и има освоено 16 Еми награди и 5 Златни глобуси. Последната епизода беше во 2002 година.

The X-Files не беше само обична приказна, таа беше светски феномен кој ја оформи поп културата, но сепак остана вистински скапоцен камен за многуте фанови кои ја следеа уште од самиот почеток. Многу малку телевизиски серии успеале да привлечат толку фанови како The X-Files, па токму затоа и ќе имаме можност да го видиме новото поглавје во авантурите од Молдер и Скали.

Едвај чекате? Да, и јас исто!

#TheXFiles се враќа со нови епизоди на малите екрани

Одговорете

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

w

Connecting to %s