Потребни состојки:
- 250 грама темно чоколадо
- 250 грама несолен путер
- 200 грама кафеав шеќер
- 9 јајца
- 250 грама лешници (измелени)
Начин на подготовка:
Загрејте ја рерната на 180 степени. Во метален сад поставен над тенџере со врела вода, стопете го чоколадото и путерот, а потоа тргнете го од оган. Додека мешате сипете го и шеќерот. Изматете ги јајцата, едно по едно, и потоа турете ги во нив и лешниците. Измешајте добро и сипете ја оваа смеса во таа со чоколадото. Откако ќе ги измешате заедно, префрлете ја смесата во подготвениот калап со хартија за печење и печете околу 1 час и 10, 20 минути или сè додека тортата не се испече во центарот. Добар апетит.