Гејмерско катче

Предлог видео игра: Far Cry 4

Far Cry 4 е игра со одлична репутација во гејминг светот и има одличен уникатен gameplay со отворена мапа и можност за интеракција со околината на речиси секаков начин. Играта е на врвот од сите гејминг топ листи и тоа е со причина. Far Cry 4 е една од оние игри за која секој гејмер едвај чекаше да излезе со цел да си ги фрли последните пари од платата.

Предлог видео игра: Far Cry 4

Од најразлични оружја, секаков вид возила, различни предели збогатени со секаков вид, мисии па сè до најразличните животни кои живеат во планините на Кират, Far Cry 4 e една од оние игри кои морате да ги пробате. Во играта има толку многу работи кои истовремено може да се прават што некои гејмери тоа го сметаат како негативна страна. Понекогаш можеш лесно да се изгубиш во сите мисии кои ти се понудени. Понекогаш кога гејмате, сигурно сакате да ја следите главната мисија, да ја завршите и со тоа да ја свртите играта, но не и овде. Во оваа игра има еден тон споредни мисии без кои е тешко да се продолжи понатаму заради различните бонуси кои ги даваат, па токму затоа е дефинитивно предизвик да се проба.

Предлог видео игра: Far Cry 4

Еве еден краток gameplay од оваа игра. но доколку сакате нешто повеќе од Far Cry 4 направете subscribe на каналот и погледнете ги сите епизоди.


_______________________________________________________________________________

Автор: Александар

Автор: Александар

Дипломиран економист, се ближи и магистратура. Зависник сум од видео игри и долги прошетки во парк… NOOOT (за паркот). Секој ден, цел ден танцувам, инаку сум поранешен инструктор по хип хоп танци и ако нешто сакам да постигнам е да докажам дека видео игрите не влијаат лошо на нас, туку сосема спротивното. Доколку сакате да ми се придружите на мисијата, можете да ме најдете и на Твитер.

_______________________________________________________________________________

Одговорете

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s