Занимливости

Предлог видео игра: Red Faction: Guerrillа

Red faction: Guerrilla е игра која ја препорачувам на луѓе кои сакаат да патуваат на Марс и да рушат се пред себе со огромен чекан.

Red Faction: Guerrilla е игра која ве носи на Марс. Главниот карактер Алекс Мејсон е рударски инженер кој доаѓа на Марс затоа што е ангажиран во истражување каде треба заедно со неговиот брат да започнат со работа. Власта на Марс е брутална, таа ги експлоатира и измачува луѓето рудари кои се дојдени да ја вршат нивната работа, па затоа се формира отпорната група Red Faction која се бори за правата на луѓето. Во една престрелка Алекс го губи брат му и токму затоа се придружува на Red Faction со цел да се одмазди за неговата смрт.

redfactionguerrilla-marsovcinazemjata1

Играта има одлична интеракција со околината, различни мисии кои се на располагање во текот на целата игра и безброј различни возила со кои можете да предизвикате голема штета при извршувањето на мисиите. Еден од најинтересните моменти кои ме натера мене да ја играм оваа игра е чеканот кој го имате цело време на располагање и со кој можете да рушите БУКВАЛНО се пред себе. Чеканот ги прави сите пушки и пиштоли во играва да изгледаат како играчки.

redfactionguerrilla-marsovcinazemjata

Доколку сакате да погледнете како изгледа оваа игра ѕирнете го следново видео, а за повеќе од гејмплејот направете subscribe на каналот.

Одговорете

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

w

Connecting to %s