Марвел го објави својот последен трејлер за филмот кој оваа година јас лично со срце и душа го чекам! Премиерата ќе биде на 1 мај, за помалку од еден месец и во него покрај познатите Одмаздници ќе имаме можност да видиме и неколку нови ликови.
На кратко, приказната во овој дел се врти околу обидот Тони Старк да направи програма за одржување на мирот која ќе тргне во сосема спротивна насока. Токму затоа најголемите херои во светот, вклучувајќи ги и Iron Man, Captain America, Thor, Hulk, Black Widow и Hawkeye ќе бидат ставени на најголемиот тест додека целата иднина на планетата ќе виси на конец поради ужасните планови кои ги подготвува Ultron.