Доколку сте љубители на ТВ серијата The Walking Dead, тогаш сигурна сум дека со нетрпение ја чекате и новата Fear The Walking Dead, која се очекува да излезе ова лето. Овој тизер трејлер, кој ни покажува МНОГУ краток поглед кон приказната е зачудувачки ЕКСТРЕМНО морничав. Погледнете…
Дејството се одвива во Лос Анџелес, каде што според она што можеме да го забележиме од изјавата на радио, вирусот само што се појавил…
Денот е прекрасен во Лос Анџелес
Еден глас нè предупредува на „чуден вирус“ велејќи дека сите оние кои не се чувствуваат добро, најдобро е да одат дома за да се одморат…
И да, можеме да го забележиме првиот мртов кој оди!
Што мислите, дали и оваа приказна ќе успее да го освои светот како претходната, дури и покрај фактот што нема да го вклучува Рик Грајмс? Јас искрено мислам дека има потенцијал. Исто така, добро ќе ни дојде малку разбивање на монотонијата, затоа што ако ме прашувате мене, последниве неколку епизоди од The Walking Dead беа прилично спорички… Во секој случај, еве вака си се радувам сега за целава работа! А сигурна сум дека и вие исто, признајте! 🙂