Астрономите со помош на 2 радио телескопи биле сведоци на клучна фаза во раѓањето на една масивна ѕвезда чиј процес трае веќе 18 години. Младата ѕвезда е 4.200 светлосни години оддалечена од Земјата и изгледа дека е опкружена од облак составен од прашина во форма на крофна.

Овој облак ги забавува жешките јонизирани ветришта кои ѕвездата ги исфрла во вселената, предизвикувајќи еден вид издолжена патека во прстенот од прашина. Новите резултати го покажуваат погледот „пред и потоа“ кој може да се забележи при формирањето на патеката.

Ѕвездата бебе е околу 300 пати посјајна од нашето Сонце и во моментов е позната како „W75N(B)-VLA2“. Можноста да се набљудува нејзиното драматично растење во живо е навистина уникатен поглед. Податоците од 2014 година, за разлика од оние од 1996 година, покажуваат поиздолжени ветришта кои настануваат од прстенот составен од прашина.
„Овој објект ни овозможува уникатна можност да го набљудуваме развојот на оваа млада ѕвезда во текот на следниве неколку години“, вели Prof van Langevelde.
Тимот се надева дека ќе може да научи многу повеќе за протоѕвездите додека оваа млада ѕвезда продолжува со нејзиниот турбулентен развој.
„Нашето разбирање за како масивните млади ѕвезди се формираат е многу помалку комплетно од разбирањето за како ѕвездите со големина на Сонцето се формираат“, вели д-р Gabriele Surcis. „Ќе биде навистина одлично да се набљудува овој вселенски спектакл во живо.“