Мали мистерии

Како спијат делфините?

Кај луѓето и останатите земјени цицачи, спиењето вклучува делумна или целосна несвесност, исклучување на сите намерни мускулни движења (оние кои можат свесно да се контролираат) како и суспензија на чувствата како вид и мирис. Но, ова не се случува кај делфините и другите морски цицачи како китовите и орките. Тие поминуваат низ една необична форма на сон наречена „unihemispheric slow-wave sleep“.

Како спијат делфините?

Кога им е време за одмор, делфините исклучуваат само една хемисфера од својот мозок и го затвораат спротивното око (левото око е затворено кога десната половина од мозокот спие и обратно). Додека тоа се случува, другата половина од мозокот набљудува што се случува во околината и ги контролира функциите на дишењето. Понекогаш делфините лебдат без да се движат на површината на водата додека спијат, а друг пат пливаат многу бавно. Научниците исто така документирале делфини во заробеништво кои спијат на дното од базените. Во рок од 24 часа, двете половини на мозокот добиваат по 4 часа сон. Според едно истражување објавено во журналот Neuroscience & Biobehavioral Reviews, делфините исто поминуваат низ РЕМ фазата од спиењето (фазата во која најчесто се појавуваат соништата кај луѓето).

Постојат 3 главни причини зошто делфините го развиле овој стил на спиење. Најпрво, тие сигурно би се удавиле доколку не ја одржуваат едната страна од мозокот активна, бидејќи нивното дишење е секогаш свесно контролирано. Од друга страна пак, ова спиење им овозможува да внимаваат на потенцијалните опасности дури и кога спијат. Третата причина е дека со овој вид спиење делфините одржуваат одредени физиолошки процеси, како движење на мускулите, кое им овозможува на топлокрвните цицачи да ја одржуваат телесната топлина која им е потребна да преживеат во студените води.

Одговорете

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s