Колумни

Свесност

Целта на оваа колумна ми беше да ви го пренесам моето искуство од Гешталт, поточно што значи за еден човек доколку ја прошири својата свесност.

Веќе 2 години одам на курс за Гешталт психотерапија и мора да признаам дека научив многу повеќе за психологијата таму отколку за време на целото моето студирање. Не дека не се учи ништо на факултет, но со толку натрупана теорија (51 предмет имав!) и со толку малку пракса (ниту 1 минута) работите знаат да тргнат во погрешна насока. Се запишав на факултет за психологија за да научам нешто, а кога стигнав при крајот сфатив дека знам многу помалку отколку што сум знаела претходно кога сама се интересирав, гуглав и читав психолошки книги.

svesnost

Програмата на факултетот ни е таква што едноставно те тера да учиш кампањски. Една недела пред колоквиумска или испитна се затвораш во соба и не излегуваш додека не завршиш со полагање, додека пак останатите денови од годината правиш сè што не е поврзано со тоа што го учиш. И јасно дека ќе изгубиш интерес кога не успеваш да го добиеш она што си го барал. Среќа јас тргнав на Гешталт и токму тој ме потсети зошто толку многу ја сакам психологијата и зошто воопшто се запишав на тој факултет.

Но, сите знаеме каква е ситуацијата со нашето образование, па токму затоа и нема да продолжам да зборувам на таа тема. Целта на оваа колумна ми беше да ви го пренесам моето искуство од Гешталт, поточно што значи за еден човек доколку ја прошири својата свесност.

Во последно време проширувањето свесност е нешто како тренд во областа на психологијата. Сите зборуваат за тоа и сите се обидуваат да го постигнат. Психолозите постојано пишуваат статии на таа тема и работат со своите клиентите така што ги учат како да ја зголемат својата свесност. Но, што поточно се подразбира под проширување на свесноста? Го знаете она чувство кое ви се појавува одвреме-навреме некаде длабоко во вас? Некоја вознемиреност или анксиозност која ни на крај памет не ви паѓа што е ниту пак од каде дошла? Епа токму тоа е намалена свесност. Некаде по вашиот животен пат вие сте ја изгубиле способноста (или воопшто не сте ја ни научиле) да ги идентификувате своите емоции како и да го откриете нивниот извор. Токму затоа сте заробени во едно место, во еден вид стагнација и не можете да продолжите понатаму бидејќи едноставно не знаете што се случува со вас. Токму оваа состојба може да доведе до појава на најразлични психолошки проблеми кои потоа можат и сериозно да влијаат врз вашето секојдневно функционирање.

Не викам дека ова секогаш се случува, ниту пак дека токму вас со сигурност ќе ви се случи, туку едноставно тврдам дека никој не е имун. Тоа е една од причините зошто треба секојдневно да работите на себе, да се истражувате, да разбирате што правите и зошто го правите тоа како и да знаете во даден момент што чувствувате и како ви се појавиле овие емоции. Тоа не е воопшто лесно да се научи. Дури и најголемите психолози и психотерапевти имаат денови кога едноставно се препуштаат на отпорите и ја губат свесноста која ја постигнале, па потоа мора да се консултираат со нивните колеги со цел да се вратат назад во нормала. Но, и покрај тоа што е тешко, тоа не значи дека е и невозможно за постигнување!

Психологијата е прекрасна наука. Ако ме прашувате мене, јас би поставила редовни сесии, барем еднаш во месецот, за сите луѓе. Но, бидејќи не е до мене, ви препорачувам да изгуглате повеќе на оваа тема (терминот на англиски е mindfulness). Постојат толку многу вежби со кои можете подлабоко да се спознаете и со тоа да ја проширите вашата свесност. Можете дури и да ја купите книгата „Бидете свој психотерапевт“ од Џенет Рејнвотер. Ако не се лажам ја има во ТРИ. Тоа е една од оние книги кои откако ќе ги завршите со читање со сигурност ќе почувствувате дека сте станале подобра личност. Од друга страна пак, секогаш постои и можноста да постите психотерапевт. Не е ништо страшно, не боли! Верувајте ми… 🙂

Какво е чувството да се живее со проширена свесност? Далеку од тоа дека сум експерт на ова поле и дека знам точно сè што се случува во мене (некако испадна дека перфекционистите имаат повеќе потешкотии при препуштањето на своите емоции), но мислам дека можам да се обидам да ви го доловам моментот така што ќе издвојам неколку од мислите кои периодов ми поминувале низ глава додека сум размислувала на оваа тема…

  • Се чувствувам како да знам која сум.
  • Мојот ум е многу тивок периодов.
  • Музиката ми звучи поневеројатно од било кога.
  • Зошто толку сум се грижела за тие глупости? Не можам воопшто ни да се сетам.
  • Почнувам многу повеќе да уживам во моите мисли кога сум сама со себе.
  • Се чувствувам попродуктивно! (За ова дури имам и пример: Лани почнав да пишувам книга и веќе ѝ го забележувам крајот…)
  • Што и да ми се случи, можам да го издржам!
  • Се чувствувам поблиска со моите најблиски.
  • Што беше тоа несоница?
  • Се чувствувам поживо од било кога претходно!

Сте се почувствувале некогаш вака? Или можеби ви поминала некоја слична мисла низ глава? Ако да, тогаш веќе сте на добар пат. Сега сè што треба да направите е продолжите да се движите во таа насока и да не се откажувате од себе.

4 коментари

    1. Јас ја немам во пдф верзија, ама оваа македонскава е прилично добар превод, па затоа мислам дека се исплати да се купи. Во секој случај ако најдеш пдф верзија сподели ја и со мене обавезно… 🙂

      Ми се допаѓа

Одговорете

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

w

Connecting to %s