Книги

Неверојатно едноставни совети за пишување книга

„Пишувањето е лесно. Сè што треба да направите е да ги исфрлите погрешните зборови.“ - Марк Твејн

Неверојатно едноставни совети за пишување книга

Најтешкиот дел за повеќето писатели, без разлика на тоа што го зборуваме, не е објавувањето на самата книга. Најтешкиот дел е пишувањето! Имам неколку пати спомнато дека пишувам книга, но веќе можам слободно да кажам и дека се приближувам до нејзиниот крај. На мое големо изненадување, самиот процес на пишување е многу потежок отколку што мислев дека е пред да почнам. Но, со тек на време научив неколку работи што мислам дека би ви помогнале доколку и вие некогаш решите да почнете да пишувате ваша книга

Почеток

Почнете полека. 300 зборови во текот на денот се сосема доволно. Без разлика дали ќе одвоите еден час наутро, пред работа или пак ќе го направите тоа навечер, пред спиење, многу лесно се стекнува навика за пишување доколку започнете со помали очекувања од вас.

Распоред на настаните. Напишете ја содржината на книгата пред да започнете со нејзиното пишување, а потоа поделете ја секоја глава на неколку делови. Секој од овие делови треба да има почеток, средина и крај. Тоа е наједноставниот начин да се движите напред без притоа да се губите после секој збор.

Фиксно време за пишување. Одредете време кое ќе биде само за вашата книга и придржувајте се до него. Доколку сакате да се одморите 1 или 2 дена во текот на неделата, вклучете го и тоа во вашиот план. Обидете се да ги почитувате крајните рокови кои сте си ги задале.

Одберете уникатно место за пишување. Ова место треба да биде различно од сите оние места каде што ги извршувате вашите секојдневни активности. Идејата е да си изградите локација во која кога и да влезете вашиот мозок автоматски ќе почне да размислува креативно бидејќи ќе знае што го чека…

Одржување на темпото

Број на зборови. Според темата на вашата книга, одредете колку зборови ќе содржи таа  и обидете се секоја глава да има отприлика иста должина. Кога ќе ги одредувате зборовите, имајте ја на на ум следнава поделба на книгите…

  • 10.000 зборови: памфлет
  • 20.000 зборови: кратка книга (најчесто еКнига)
  • 40.000 – 70.000 зборови: стручна литература
  • 80.000 – 100.000 зборови: типична должина на новела

Неделен рок. Без разлика дали е број на зборови, страни или процентуален прогрес едноставно имајте план кон кој ќе целите и погрижете се да имате покрај вас личност која ќе го следи вашиот прогрес.

Ран фидбек. Соберете неколку советници на кој можете да се потпрете и бидете отворени за нивното мислење. Овие личности нека бидат со различни профили со цел да откриете како вашата книга ќе биде доживеана од страна на поголема група луѓе.

Одржување на мотивацијата

Издржете до крај. Без разлика на сè, завршете ја вашата книга, а потоа почнете да размислувате за објавување. Но, не ја заклучувајте во вашата фиока бидејќи таа заслужува да биде прочитана и од други луѓе.

Прифатете ја можноста за неуспех. Не заборавајте дека станува збор за тешка работа во која можете да направите многу грешки. Токму затоа не бидете престроги кон себе и не се откажувајте на првата препрека. Токму тоа ќе ја одржува вашата мотивација, а не вашите високи стандарди за совршенство.

Но, не заборавајте да сонувате. Идејата дека вашата книга ќе биде успешна на светско ниво и дека Холивуд ќе сними филм според неа може да биде многу инспиративна и да ви помогне да ја погледнете вашата приказна и од сосема поинаква перспектива.

 

Одговорете

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

w

Connecting to %s