Како човечки суштества ние се потпираме едни на други со цел да можеме да преживееме. Но, понекогаш оваа поддршка може да премине во неверојатна грижа за сите оние нешта кои другите ги мислат за нас. Токму тогаш влијанието на другите го ограничува вашиот потенцијал, ве оддалечува од сите и ги намалува вашите можности за било каков успех во вашиот живот. Да не заборавиме и на губењето храброст да бидете оние кои навистина сте.
Секој човек е различен, но постојат неколку универзални знаци кои укажуваат дека веќе сте почнале претерано да се грижите за она што другите го мислат за вас. Без разлика дали станува збор за вистината или пак, за некои ваши ирационални стравови, доколку се пронајдете во следниве размислувања тогаш време е да направите еден чекор наназад и да го преиспитате вашето однесување…
Се плашите да ја изговорите вашата вистина. Мислејќи дека ќе бидете осудени на било кој начин, вие по секоја цена ја криете вистината за себе од другите луѓе.
Сте станале социјален камелеон. Вие толку многу се обидувате да ги имитирате вашите пријатели, што покрај стилот на облекување сте ги презеле и нивните движења, начин на зборување и однесување…
Сте почнале да лажете со цел да ја скриете вашата вистина. Вашето ново мото е подобро да излажете и да дадете социјално пожелен одговор отколку да кажете нешто што може да предизвика ширење на негативни гласини за вас.
Се извинувате за сите нешта кои ги сакате. Кога последен пат сте кажале дека ви се допаѓа некоја песна без притоа да се обидете на илјадници начини да се оправдате за вашиот став?
Сте почнале да избегнувате одредени социјални ситуации. Поголемиот дел од вашето слободно време го поминувате сами со себе, најмногу од страв да не бидете критикувани за нешто што можеби (читај: можеби и не) би можеле да го кажете или направите.
Сте почнале да ја следите топлата во секој чекор. Што се случи со вашата оригиналност?
Постојано се запрашувате што мисли вашиот соговорник. Додека разговарате со некого, вие сте повеќе фокусирани да ги прочитате неговите мисли за вас отколку на самиот разговор.
Не излегувате во јавност без вашата маска. Секој пат кога ќе пречекорите низ вашата влезна врата вие се претворате во сосема нова личност.
Сте заборавиле кои сте. Понекогаш имате потешкотии да откриете дали тоа што сте го кажале или направиле дошло од вас самите или пак, настанало со цел да им се допаднете повеќе на луѓето околу вас.