Последното чкорче
Писмата од Мишима

Последното чкорче

Самрак. Еден од најлесните, но истовремено и најтажните делови од денот. Го означува крајот на еден ден и почетокот на ноќта. Низ прстите го вртам кутивчето. Мало е и само се слуша како едно нешто се тркала и движи низ него. На изглед е како само обично кутивче за кибрит. Но, не е обично. На него е испишано со букви : СОНИШТА. Го отворам. Останало само едно чкорче. Ех, колку беше полно, а сега останало само уште едно. Последното. Последната шанса. Последната надеж.

Последното чкорче

Нервозна сум. Во стомакот чувствувам некоја мачнина. Со стапалата цупкам нервозно по подот. Тешко дишам. Моите дланки започнуваат да се потат.

  • Што ќе правам ако не успее да се запали? Што ако ова последно чкорче ме изневери и не ја донесе светлината во вечерта што доаѓа? Што ќе правам понатаму? Зар ќе најдам нешто што толку ќе ме прави среќна, вистински среќна?

Многу мисли летаат низ мојата глава…

  • Ќе биде. Сѐ ќе биде во ред. Баш онака како што замисли милион пати во главата, баш онака додека патуваше со автобус, онака додека лежеше во креветот во 3 часот по полноќ. Додека сите спиеја ти ги креираше своите соништа будна. Сите тие разочарувања, понижувања и солзи те доведоа до оваа желба, до овој пат. Гледаш дека ништо не успеа? Од твоите претходни обиди? Тоа е затоа што не ги посакуваше со целото срце, тоа беа само обиди за да се усреќат другите, но не и себе. И гледаш, не успеа… И те доведоа до оваа шанса. Последната. Можеби сите други чкорчиња откако ги запали за многу кратко време се изгасија, но можеби ова последното е она вистинското. Тоа никогаш не го знаеш.

Ох, вечната борба помеѓу песимистот и оптимистот во мојава глава.

Започнува да студи. Сонцето зајде. Време е. Започнувам забрзано да дишам. Прстите не ги чувствувам, смрзнале од страв, од неочекуваното, од непознатото. Голтам кнедла во моево грло. Ја отворам кутијата. Го земам последното чкорче. Доле на подот ги гледам сите останати чкорчиња, некои пепелосани, а некои не се ни запалија. Рацете ми треперат. Почнуваат посилно да се тресат. Затворам очи. Длабоко вдишувам.

Го погледнувам и му велам: Не ме разочарувај. Се надевам срцево имаше право за тебе.

Силно го повлекувам чкорчето од кутијата…

Со љубов,

Мишима

Одговорете

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s