Музика

Расположени сте за салса?

Јас веќе пробав и успешно го поминав туторијалот. Вас како ви оди?

Расположени сте за салса?

Од кога знам за себе танцувам. Мислам дека најстарото мое сеќавање од детството ми е како слушам музика на вокмен, со слушалки поголеми од мојата глава и скокам по дома. Танцувањето ми е една од моите најстари љубови (да, имаше период кога сериозно размислував да станам професионална танчарка!), па токму затоа и цело време одев на курсеви со желба да научам нешто повеќе (можно е дури и да ме имаше на телевизија, во некои емисии како и во музички спот – ама не кажувам ништо повеќе! #Исповед).

За среќа пораснав и тотално ги надраснав идеите да се занимавам со танцувањето професионално бидејќи нели кај нас работите не функционираат така едноставно (не дека на писателите или психолозите им е посјајно – јак избор на професии имам, нели?). Но, тоа не значи дека целосно се откажав од него. Кога имам повеќе слободно време, знам да се запишам пак на некој курс, но како што поминува времето тоа сè помалку и помалку го правам. Токму затоа Јутјуб е тука да ми помогне! Барајќи добар туторијал, налетав на ова одлично видео кое може за само 1 час да ве научи како да танцувате салса. Па ако сте расположени, ѕирнете го. Нема да зажалите…

Одговорете

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s