Занимливости

И јас #ГоСакамГТЦ

Излезете за ГТЦ и покажете му на овој град дека нема да исчезне и дека сè додека сме ние живи, ќе живее и тој!

Во последниве неколку години се случија премногу промени во Скопје. Всушност, работите се толку многу сменети што ако ме прашувате мене, веќе не се ни чувствува како да живееме во истиот град. Секојдневно никнува некоја нова зграда или објект (да не пишам споменик), без никаков план, целосно менувајќи го неговиот лик и притоа убивајќи дрвја, паркови, простор за дишење… Она убавото и мало скромно Скопје кое сите ние толку многу го сакавме е длабоко закопано во прашина, кал и цемент, борејќи се за здив, исто како и неговите жители, додека пак над него и сите нас израсна безличен циркус во кој никој повеќе не се чувствува пријатно, како дома.

(1) И јас #ГоСакамГТЦ

И покрај тоа што очигледно не можеме да влијаеме многу на овие промени, сепак доколку се потрудиме заедно ќе успееме да го задржиме она што сè уште не е под земја. Да живеев во Центар утре ќе бев прва за гласање против промената на ГТЦ. Но, бидејќи не живеам таму, вечерва го пишувам овој пост со надеж дека ќе охрабрам барем една личност од Центар да гласа наместо мене. Не дозволувајте дополнително уништување на она што е Скопје – градот кој треба да биде нашиот дом.

Погледнете само колку луѓе излегоа да го гушнат ГТЦ и да ја покажат својата љубов кон срцето на нашиот град. Не дозволувајте тој да исчезне, а со него да се изгуби и една од последните нешта кои нè потсетуваат на нашето Скопје – вистинското Скопје! Излезете за ГТЦ и покажете му на овој град дека нема да исчезне и дека сè додека сме ние живи, ќе живее и тој!

4 коментари

      1. Не, ама можат барем да го исчистат убаво, да го бојадисаат, повеќе да го осветлат и да ги заменат искршените плочки…

        Ми се допаѓа

Одговорете

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s