Мали мистерии

Зошто дождот мириса толку убаво?

Дали ја сакате миризбата на дождот? Ако да, тогаш не сте единствени. Всушност, голем број научници веруваат дека луѓето ја наследуваат нивната наклонетост кон миризбата на дождот од предците чиј живот зависел од дождливото време. Но, што поточно е тоа што го прави дождот да мириса толку убаво?

Зошто дождот мириса толку убаво?

Една од миризбите кои ги чувствувате, наречена петрикор, настанува во оние моменти кога дождот ќе падне по подолг сушен период. Петрикорот (терминот бил прв пат употребен во 1964 година од страна на двајца научници од Австралија кои ја проучувале миризбата на влажното време) настанува од неколку хемиски реакции.

Некои растенија лачат масла за време на сушните периоди и потоа кога ќе заврне, тие се испуштаат во воздухот. Втората реакција која создава петрикор настанува од хемикалиите кои ги испуштат некои бактерии кои се кријат во почвата. Овие ароматични состојки се комбинираат и ја создаваат убавата миризба кога дождот ќе удри на земјата.

Друга миризба со која е поврзан дождот е озонот. За време на грмотевиците, молњите можат да ги разделат молекулите на кислород и азот во атмосферата и тие потоа да се претворат во азотен оксид. Оваа супстанција стапува во контакт со другите хемикалии во атмосферата која го формира озонот и во тој момент испушта силна миризба која наликува на хлор. Кога некој вели дека може да намириса невреме, тоа се случува бидејќи ветрот ја носи оваа миризба до области каде што облаците сè уште не пристигнале.

Одговорете

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

w

Connecting to %s